Макс Бијаџи посторно седна на MotoGP машина. Тој го тестираше моторот на Бен Спајс на патеката во Муџело.

Макс Бијаџи посторно седна на MotoGP машина. Тој го тестираше моторот на Бен Спајс на патеката во Муџело.

max-biaggi-ducati-gp13

Бијаџи беше поканет од Дукати да го вози моторциклот,главно како пријателски гест спрема постар возач,но и да даде свое мислење за возењето на моторциклот. Бен Спајс сеуште заздравува од повредата на неговото рамо. Поради Италијанската врска, Бјаџи го возеше моторциклот на Спајс но имаше каросерија од моторциклот на Ианоне.

Многу работи се променија откако Бијаџи последен пат возеше V5 990cc Honda RC211V во 2005 година. Bridgestone гумите и електронските помагала се две од најголемите промени, иако електрониката на фабричката Aprilia RSV4 машина е високо софистицирана.

Гумите се тотално различни од она на што Бијаџи беше навикнат. Bridgestone направија големи чекори напред во однос на издржливоста и цврстината на гумите. Тие нудат многу подобри перформанси отколку гумите што ги користеше порано Бијаџи.

Разликата во перформансите помеѓу 2005 и 2013 е огромна: Рекордот на Дани Педроса (1.47.157) е за две секунди подобар од рекордот кој го постави Валентино Роси ( 1.49.223) во 2005 година а рекордот на Марк Маркез (1.47.639) е за 2,5 секунди подобар од рекордот на Макс Бијаџи од 2005 година (1.50.117).

Според GPOne,еден од најголемите предизвици на Бијаџи беше користењето на јаглеродните диск сопирачки, бидејќи додека тој се натпреваруваше користеше челични диск сопирачки.

Времето кое го постигнуваше Бијаџи на патеката предизвика возбуда, но поради погрешни причини. Италијанската интернет страна Motoblog постави мерачи на време покрај патеката. За жал, поради одалеченоста и фактот дека Бијаџи возеше моторцикл со истите бои како и Андреа Ианоне, интернет страната погрешно пријави време постигнато од Ианоне како да го постигнал Бијаџи.

Имаше изненаденост дека Бијаџи постигнал време од 1.47.7 имајќи го во предвид неговото долго отсуство од MotoGP. Сепак тоа беше времето кое го постигна Анреа Ианоне,а Бијаџи постигна време од 1.55s.

Се разбира Бијаџи не е сам на тестот. Андреа Ианоне тестираше нов моторцикл на Дукати за прв пат.

Ники Хејдн и Андреа Довициозо исто така го тестираат новиот моторцикл заедно со тест возачите Мишел Пиро и Франко Батаини. Сеуште нема официјално известување од Дукати како поминуваат тестовите. Се очекува известувањето да биде дадено во петок.

Првиот ден тестирање на Бијаџи заврши во четвртокот попладне. Тестовите ќе продолжат утре и се очекува Бијаџи повторно да го вози моторциклот.

Back To Top