Валентино Роси има девет Светски шампионски титули и 105 победи, но неговиот татко и поранешен GP натпреварувач Грациано Роси,беше многу горд на враќањето на неговиот син и на освоеното второ место на трката во Катар.

rossi-qatar-2013

Валентино Роси има девет Светски шампионски титули и 105 победи, но неговиот татко и поранешен GP натпреварувач Грациано Роси,беше многу горд на враќањето на неговиот син и на освоеното второ место на трката во Катар. По крајот на трката тој му прати порака со само еден збор,”прекрасно”.

Грацијано, или Грација како што го нарекува Валентино, е ист како и секој друг татко кога гледа како неговиот дете успева по две неуспешни сезони. Во интервју за Eurosport тој изјави:

“Ако морам да го отишам настапот на Валентино во Катар со еден збор, првото нешто што ми доаѓа да го кажам е возбудливо. По комплицираните квалификации, и стартот од третиот ред, мислев дека оваа трка нема да биде успешна, но времето кое го имаше на загревањето охрабруваше. Никогаш не сум земал ништо здраво за готово бидејќи да се биде брз воопшто не е лесно.Но Валентино повторно ме импресионираше со неговото враќање .Според мене, ова второ место е најголемото достигнување во неговата кариера.”

Грацијано исто така изјави дека мотивацијата на Валентино доаѓа од неговата љубов за моторциклите и тркањето и дека не вози само за да им докаже на таканаречените експерти кои го критикуваа во изминатите две сезони.

Back To Top