MotoGP

2. тренинг: Маркез со најдобро време

Маркез за кого ова е прв настап на патеката „Mazda Raceway“ во Лагуна Сека, забележа најбрзо време на вториот тренинг пред трката за ГН на САД.

Следете нè на:

 

93marquez  s1d9529 originalМаркез лета по „Mazda Raceway“

Маркез за кого ова е прв настап на патеката „Mazda Raceway“ во Лагуна Сека, забележа најбрзо време на вториот тренинг пред трката за ГН на САД.

Младиот и талентиран возач на Репсол Хонда тимот и лидер во генералниот пласман, Марк Маркез, забележа време од 1.22.040 што беше доволно да се искачи на врвот од табелата на вториот тренинг. Веднаш зад него се најде Штефан Брадл, а трето време забележа Андреа Довициозо.

На првиот тренинг Кал Крачлоу забележа најдобар резултат, а на вториот само петто време и тоа со заостанување од 0.417с зад Маркез.

Дани Педроса кој одлучи да не настапи на првиот тренинг, на втората сесија започна претпазливо и полека го подобруваше своето време. За жал не успеа да забележи време доволно брзо да застане помеѓу првите 10 со што ќе добиеше право на директен настап во вторите квалиикации. На денешниот тренинг тој беше 11-ти, па останува да видиме дали на утрешниот трет тренинг ќе го подобри своето време.

Втората тренинг сесија беше означена и со црвео знаме откако Блејк Јанг кој настапува со вајлд карта за „Attack Performance Racing Kawasaki“ тимот доживеа пад во свиокот бр.5 по што неговиот мотор остана на средината од патеката. Возачот помина без повреди, а откако беше исчистена патеката на 10 минути пред крајот на сесијата, тренингот продолжи.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 261.8 1'22.040  
2 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 265.8 1'22.269 0.229 / 0.229
3 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 265.7 1'22.284 0.244 / 0.015
4 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 268.9 1'22.346 0.306 / 0.062
5 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 262.2 1'22.457 0.417 / 0.111
6 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 263.0 1'22.467 0.427 / 0.010
7 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 257.5 1'22.531 0.491 / 0.064
8 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 268.5 1'22.539 0.499 / 0.008
9 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 264.2 1'22.733 0.693 / 0.194
10 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 257.4 1'22.767 0.727 / 0.034
11 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 264.9 1'23.129 1.089 / 0.362
12 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 253.9 1'23.158 1.118 / 0.029
13 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 252.3 1'23.437 1.397 / 0.279
14 15 Alex DE ANGELIS Ignite Pramac Racing Ducati 262.0 1'23.973 1.933 / 0.536
15 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 257.6 1'24.047 2.007 / 0.074
16 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 259.4 1'24.180 2.140 / 0.133
17 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 258.1 1'24.410 2.370 / 0.230
18 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 258.5 1'24.421 2.381 / 0.011
19 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 258.2 1'24.473 2.433 / 0.052
20 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 254.4 1'24.555 2.515 / 0.082
21 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 251.4 1'24.727 2.687 / 0.172
22 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 244.5 1'25.345 3.305 / 0.618
23 79 Blake YOUNG Attack Performance Racing APR 250.0 1'25.764 3.724 / 0.419
24 52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 235.5 1'27.173 5.133 / 1.409

Возбудувањата продолжуваат утре со третиот МотоГП тренинг во 19.25, четвртиот со почеток во 22.30, за потоа да започнат првите квалификации во 23.10 и вторите во 23.35.

Трката во недела започнува во 23.00 по наше времe. СпортКлуб каналот ќе ги пренесува сите сесии од Лагуна Сека, а за оние кои следат преку интернет, стриминг ќе има на http://www.sportcategory.com/c-10.html

За оние кои не се запознаени, на Лагуна Сека се вози трка само во кралската класа, MotoGP. Moto2 и Moto3 класите ги нема од едноставна причина што патните трошоци се огромни, а бидејќи според договорот на МотоГП и Дорна транспортот на тимовите го плаќа патеката, надлежните на Лагуна Сека плаќаат само за „главните фаци“.

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!