MotoGP

1. тренинг: Крачлоу најбрз, Лоренцо 11-ти, Педроса не возеше

Првиот тренинг на Лагуна Сека помина во знакот на Кал Крачлоу чија иднина во МотоГП сеуште се шпекулира, а постојано е во врвот на МотоГП иако вози мотор кој не фабрички поддржан.

Следете нè на:

 

35crutchlow  s1d9456 originalКрачлоу со најдобар резултат на првиот тренинг на Лагуна Сека

Првиот тренинг на Лагуна Сека помина во знакот на Кал Крачлоу чија иднина во МотоГП сеуште се шпекулира, а постојано е во врвот на МотоГП иако вози мотор кој не фабрички поддржан.

Кал Крачлоу го украде провизорното прво место на тренингот на Лагуна Сека од Валентино Роси во последната минута од сесијата. Докторот остана на втората позиција со време 0.091 делови од секундата побавно од она на Крачлоу.

Трет резултат забележа Марк Маркез кој за прв пат се појави на патеката во САД. На возачот на Хонда Репсол тимот му беа потребни 30-на минути да ја научи патеката, за потоа да се впушти во борбата за најдобро време. Иако имаше шпекулации дека тој скришно тестирал минатата година на Лагуна Сека, вистината е дека младиот шпанец за прв пат се појави со мотор на познатата патека.

Хорхе Лоренцо како што најави и пред почетокот на сесијата, возеше внимателно, можеби и премногу внимателно бидејќи забележа време 1.684с побавно од она на Крачлоу што беше доволно за 11-та позиција.

За разлика од него Дани Педроса воопшто не сакаше да ризикува на ладната патека на првиот утрински тренинг па остана во боксот. Се очекува на вториот тренинг кој започнува во 23.05 по наше време да настапи и Педроса, а и Лоренцо да го зголеми темпото.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 262.9 1'22.757  
2 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 265.4 1'22.848 0.091 / 0.091
3 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 252.6 1'22.980 0.223 / 0.132
4 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 262.8 1'23.033 0.276 / 0.053
5 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 266.1 1'23.255 0.498 / 0.222
6 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 263.9 1'23.380 0.623 / 0.125
7 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 254.2 1'23.905 1.148 / 0.525
8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 263.6 1'23.927 1.170 / 0.022
9 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 253.1 1'24.287 1.530 / 0.360
10 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 251.5 1'24.363 1.606 / 0.076
11 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 255.6 1'24.441 1.684 / 0.078
12 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 253.9 1'24.467 1.710 / 0.026
13 15 Alex DE ANGELIS Ignite Pramac Racing Ducati 261.4 1'25.133 2.376 / 0.666
14 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 244.0 1'25.309 2.552 / 0.176
15 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 255.4 1'25.394 2.637 / 0.085
16 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 251.1 1'25.451 2.694 / 0.057
17 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 254.0 1'25.594 2.837 / 0.143
18 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 251.3 1'25.664 2.907 / 0.070
19 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 253.3 1'25.770 3.013 / 0.106
20 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 243.2 1'26.659 3.902 / 0.889
21 79 Blake YOUNG Attack Performance Racing APR 244.7 1'26.668 3.911 / 0.009
22 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 233.0 1'26.753 3.996 / 0.085
23 52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 234.8 1'27.825 5.068 / 1.072
  26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda      

Утре на програмата е третиот тренинг со почеток во 19.25, четвртиот со почеток во 22.30, за потоа да започнат првите квалификации во 23.10 и вторите во 23.35. Трката во недела започнува во 23.00 по наше времe. СпортКлуб каналот ќе ги пренесува сите сесии од Лагуна Сека, а за оние кои следат преку интернет, стриминг ќе има на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

MV Agusta само што го претстави 2018 F4 RC, модел од рангот на Светскиот Супербајк шампионат кој може да се вози на тркачка патека и на улица.

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

Италијанскиот возач успеа да го победи Маркез во последниот круг и сега заостанува само 11 поени зад Шпанецот на три трки до крајот на сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!