Suter-BMW Moto 1 (Marc VDS Racing) на тестирањето во ЕсторилСледната сезона во МотоГП шампионатот по многу работи ќе биде револуционерна. Накусо, не очекува промена на зафатнината на моторите во кралската класа од 880 на 1000цц, ќе следиме „CRT“ тимови кои ќе возат со прототипна шасија и мотор од било каков извор (вклучувајќи и тјунирани мотори од сериско производство), а класата до 125цц ќе биде заменета со Мото3.
Промената на зафатнината на моторите беше одамна позната па воопшто не претставува некоја новост, но многу прашина се крена за „CRT“ (скратено од Claiming Rule Teams). Имено, Дорна со цел да ги намали трошоците и да го извади шампионатот од пропаст (заради финансиски трошоци пред две години од МотоГП се повлече Кавасаки, а од следната година и Сузуки нема да има свој фабрички тим), дозволија настап на тимови кои ќе развијат своја сопствена шасија и во неа ќе вградат модификуван мотор од надворешен производител.
Според досегашните правила, МотоГП беше трка на целосни прототипи. На тимовите не им беше дозволено да користат мотор кој е во сериско производство, без разлика како е модификуван. Се работеше за трки со мотори кои не можат да се најдат на друго место, и кои сигурно не можат да се купат од продавница. Тоа го правеше МотоГП шампионатот посебен. Од следната сезона тоа ќе се промени. Според новите правила, „CRT“ тимовите можат да користат мотори од сериско производство кои се малку модификувани и да ги стават во прототипна шасија.
Мото2 шампионот од 2011, Штефан Брадл следната сезона ќе вози за LCR HondaЗа да бидат овие мотори конкурентни на фабричките „ѕверови“ во МотоГП, ќе им биде дозволено да користат 6 мотори повеќе од фабричките тимови (годишен лимит од 12 за „CRT“ и 6 за фабричките), а зголемено е и ограничувањето на гориво кое смеат да го користат за дополнителни 3 литри (24 наспроти 21 литар за фабричките тимови).
Фабричките тимови се противат на поволностите кои ги добиваат „CRT“ тимовите (најгласен во овој поглед е тимот на Хонда), пред се заради тоа што лесно може да дојдат во ситуација да се натпреваруваат рамо до рамо со мотори во кои не е вложено ни половина од она што тие го имаат во своите машини. Дорна неколкупати ги менуваше правилата кои првично ги објави во Мај месец со цел да примами повеќе тимови, па така доколку дозволи 6 литри повеќе гориво наместо оние 3 кои беа најавени (подолго време се шпекулира со оваа бројка), фабричките тимови ќе можат слободно да ја фрлат скапата електроника во која вложија неколку години истражувања, а која дава врвни перформанси и притоа штеди гориво.
Дека не се работи за тимови кои немаат никакви шанси покажа Колин Едвардс кој следната година ќе вози за NGM Forward Racing „CRT“ тимот.
Според досегашните тестови на „CRT“ тимовите, времињата кои ги поставија возачите не даваат сомнеж дека тие ќе можат да се замешаат во борба за титулата, но од друга страна сопствениците на тимовите се повеќе се заинтересирани за „CRT“ настап. За трошоците кои ги имаат за настап со еден фабрички мотор во сезона, можат да возат два „CRT“ мотори. На оваа варијанта се одлучи сопственикот на Aspar тимот, кој наместо еден Ducati GP12, ќе има два „CRT“ претставника.
Благодарение на овие промени, следната сезона на стартната линија се очекува да има 22-24 МотоГП возачи, а моторите кои се спомнуваат како комбинација за „CRT“ тимовите се BMW, Suter, Kawasaki и Aprilia.
До сега потврдени се следните возачи/тимови:
| Бр. | Возач | Мотор | Тим |
| 1 | Casey Stoner | Honda RC213V | Repsol Honda |
| 4 | Andrea Dovizioso | Yamaha YZR-M1 | Monster Tech 3 Yamaha |
| 5 | Colin Edwards | Suter / BMW | NGM Forward Racing CRT |
| 8 | Hector Barbera | Ducati GP12 | Pramac Ducati |
| 9 | Danilo Petrucci | FTR? / Aprilia | IODA Racing CRT |
| 11 | Ben Spies | Yamaha YZR-M1 | Yamaha Factory Racing |
| 13 | Ant West | FTR? / Aprilia | Speedmaster CRT |
| 17 | Karel Abraham | Ducati GP12 | Cardion AB |
| 19 | Alvaro Bautista | Honda RC213V | San Carlo Gresini |
| 26 | Dani Pedrosa | Honda RC213V | Repsol Honda |
| 35 | Cal Crutchlow | Yamaha YZR-M1 | Monster Tech 3 Yamaha |
| 46 | Valentino Rossi | Ducati GP12 | Ducati Marlboro |
| 65 | Stefan Bradl | Honda RC213V | LCR Honda |
| 69 | Nicky Hayden | Ducati GP12 | Ducati Marlboro |
| 77 | James Ellison | FTR? / Aprilia | Paul Bird CRT |
| 99 | Jorge Lorenzo | Yamaha YZR-M1 | Yamaha Factory Racing |
| Сеуште не потврдени | |||
| 51 | Michele Pirro | FTR / Honda CBR | San Carlo Gresini CRT |
| 68 | Yonny Hernandez | FTR / Kawasaki | BQR CRT |
| 22 | Ivan Silva? | Inmotec | BQR CRT |
| 41 | Aleix Espargaro? | Aprilia | Mapfre Aspar CRT |
| 14 | Randy de Puniet? | Aprilia | Mapfre Aspar CRT |
| Carmelo Morales? | Suter / BMW | Team Laglisse CRT | |
| Suter / BMW | Team Laglisse CRT | ||
Збогум за моторите со зафатнина од 125цц
Промени има и во класата до 125цц, која од следната година ќе се нарекува Мото3. Наместо досегашните двотактни мотори со зафатнина од 125цц, следната сезона во Мото3 ќе следиме трки со четворотактни мотори со зафатнина од 250цц. Ограничувањата кои се наметнати во класата забрануваат моторите да вртат повеќе од 14.000 вртежи во минута, а цената на чинење на секоја машина не смее да надмина 12.000 евра.
Трките во класата до 125цц постојат во МотоГП шампионатот од првата ГП трка во 1949 година, а најпознат натпреварувач во оваа класа е Ангел Нието со седум освоени титули.
Данлоп е одбран како единствен снабдувач со гуми за оваа класа, а договорот на Данлоп со Дорна е продолжен за следната сезона и за Мото2 класата. Во Мото3 класата ќе се натпреваруваат 20 тимови со 32 возачи, а меѓу листата на тимови се наоѓаат Гресини и Аспар, тимови кои се натпреваруваат и во МотоГП класата.






















