Yamaha Индонезија потврди дека работи на спортски мотор од 250cc кој ќе биде ривал на Honda CBR250R  и  Kawasaki Ninja 300 и кој ќе биде претставен до крајот на годината.

yamaha-yzf-r250-concept

Yamaha Индонезија потврди дека работи на спортски мотор од 250cc кој ќе биде ривал на Honda CBR250R  и  Kawasaki Ninja 300 и кој ќе биде претставен до крајот на годината.

На Вчерашната прес конференција, на која се разговараше за плановите на Yamaha во 2013 година, извршниот потпретседател на компанијата Дионисиус Бети, им најави на локалните медиуми да очекуваат покана за промоцијата на новиот мотор.

Сеуште нема објавено никакви детали, но ние очекуваме моторот да ја следи патеката на CBR250R, со едно цилиндричен мотор и стил сличен на YZF-R125.

Кон крајот на минатата година, огранокот на Yamaha во Индија потврди дека ќе произведе спортски мотор од 250cc кој ке биде дел од новата гама за 2014. Honda исто така подготвува мотор со помала кубикажа, најавувајќи го VTR250F.

Дали YZF-R250 ќе дојде во Европа? Би требало.

Back To Top