На саемот „EICMA“ во Милано за прв пат го забележавме Yamaha MWT-9, футуристички мотор со две предни тркала кој беше претставен како концепт.

Се работи за модел кој или го сакате или едноставно ви е одбивен, на многумина не им е омилен мотоцикл најмногу поради тоа што оваа машина има три тркала. Но има и луѓе кои сметаа дека овој мотоцикл е навистина добар.

Создавањето на мотоцикли кои имаат повеќе тркала е особено популарно кај Јапонските производители.  Тие сакаат да ја освојат публиката која бара нешто поинакво од стандардните мотоцикли.

yamaha 2016 22

Според „Visordown“, Yamaha MWT-9 ќе се најде во производство и најверојатно ќе се биде во продажба за една до две години.

Yamaha смета дека на некои пазари, како што се Европа и САД, мотоциклите претежно се користат за рекреација, а MWT-9 ќе им даде едно поинакво искуство. Исто така тие сметаат и на тоа дека помладата генерација на возачи бара нешто поинакво.

Yamaha MWT-9 ќе го има истиот три-цилиндричен мотор што го има и FZ-09.  Тоа би значело дека новиот мотоцикл, ќе биде спортски и издржлив.

Но како ќе реагира пазарот? Ќе покаже времето. Наш совет би бил да не го осудувате овој мотоцикл се додека не го пробате. 

Back To Top