Yamaha на саемот „EICMA“ во Милано објави дека ќе до подобри TMAX скутерот со зафатнина од 530cc кој ќе се најде во продажба на пазарот во Европа од март следната година.

Yamaha на саемот „EICMA“ во Милано објави дека ќе до подобри TMAX скутерот со зафатнина од 530cc кој ќе се најде во продажба на пазарот во Европа од март следната година.

2017 TMAX е инспириран од концептот  “Master of Scooter” и е првиот од линијата на Yamaha кој ќе го има YCC-T системот. Скутерот исто така е опремен и со TCS, кој овозможува лесно забрзување на влажни и лоши патишта.

2017 yamaha tmax scooter presented for europe 7

Покрај електронските додатоци, новиот TMAX е за 9 килограми полесен од актуелниот модел. Новиот алуминиумски држач е за 40 милиметри подолг и овозможува оптимизирано држење. Редизајнираната рамка овозможува поголем простор за багаж под седиштето. Кај моделот има промени и во однос на изгледот.

Меѓу другите промени се и паметниот клуч, греач за седиштето и нова позиција за возење.

Бојата е одбрана за да одговара на секоја спецификација. Меѓу нив се "Matt Dark Purplish Blue Metallic 1" која има за цел да го промовира квалитетот на новиот TMAX како и "Matt Silver 1" чија што задача пак е да го претстави спортскиот дел на SX.

Во однос на механичкиот дел, TMAX ги има задржано поголемиот дел од работите. Моторот е речиси ист, 540 cc parallel-twin кој може да произведе 46 коњски сили при 53 Nm. Тој е во согласност со Euro 4 стандардот. Предната вилушка од 41mm како и радијалните дискови се исто така дел од мотоциклот.

Back To Top