Со желба да станат најдобри во сè попопуларната „super naked“ категорија, Yamaha најави фантастична машина која очигледно сака да го превземе местото на BMW S1000R.

yamaha 2016 19

Со желба да станат најдобри во сè попопуларната „super naked“ категорија, Yamaha најави фантастична машина која очигледно сака да го превземе местото на BMW S1000R.

За моторот:

Новиот MT - 10 за прв пат беше претставен на овогодинешниот саем „ECIMA“ во Милано. На прв поглед можеби ќе ви личи на  нешто помеѓу Triumph Speed Triple и Johnny 5, но во суштина тој е соголен YZF-R1.

Тој го има истиот линиски агрегат со зафатнина од 999 кубика кој сигурно ќе има нешто повеќе од 165 коњски сили.  Тој ја има и истата шасија, задна вилушка, суспензија и тркала како и YZF-R1. Низ светот, MT - 10 ќе биде на чело на се поголемата MT фамилија која и донесе огромен успех на Yamaha. MT - 10 и MT - 09 се на листата на најдобро продавани мотоцикли за 2015 година.

Како и кај MT-09, и моделот MT-10 ќе овозможи избор од три начини на возење како и три можности за контрола на стабилноста. Системот функционира на тој начин што постојано внимава задното тркало да не се закочи.  Доколку се случи тоа, системот ја корегира гаста како и волуменот на вбризгување на гориво за да му помогне на возачот да ја поврати контролата.

yamaha 2016 20

Моделот  MT - 10 исто така ќе има и „Assist & Slipper Clutch“ за да го олесни менувањето на брзина. Се повеќе, овој додаток станува составен дел кај оваа класа на мотоцикли. Исто како и ЛЕД светлата кои ги има напред и позади.

Можеби конфузно, со оглед на намената на овој мотоцикл, но и круз контролата е исто така стандарден дел. Дали ова би бил вашиот прв избор за подолги патувања?

На прес конференцијата на која присуствувавме пред почетокот на саемот од Yamaha нагласија дека овој мотоцикл е дизајниран за да може да прими многу додатоци од асортиманот на Yamaha како што е држач за мобилен и торба.

yamaha 2016 21

Во меѓувреме, двојниот 320 милиметарски преден диск заедно со 220 милиметарскиот заден диск ќе им овозможи вистинско задоволство на сите љубители на MT-10.  ABS сопирачките се стандарден дел.

Меѓу другото, овој мотоцикл има:

  • Одлична положба за возење
  • Прекрасен дизајн на предниот дел
  • 1400 милиметри растојание меѓу оските
  • Носечка рамка од алуминиум
  • Алуминиуски бандаши со пет краци
  • Стандарден 12v приклучок
  • Мултифункционален LCD екран
  • Систем за брза промена

Достапност:

Мотоциклот ќе биде достапен во Европа во Мај 2016 година.  За сега нема најава за цената но со оглед на тоа што се работи за „соблечен“ R1 не очекуваме сума која ќе може секој да си ја дозволи.

 

Back To Top