Дилерите на „Victory“ ширум Европа ги добиваат првите пратки од моделите „Octane.“ Се чини дека работите забрзано се одвиваат во компанијата на Polaris. Момците не сакаат да губат време со оглед на тоа дека сезоната за возење е веќе почната.

Некои возачи се уште не одлучиле да купат нов мотоцикл, а во Victory го знаат тоа. Претставувањето на нов модел веднаш по излегувањето на првиот модел кој има течно ладење се чини дека е паметен потег.

Неколку изложби веќе се закажани во Франција, Швајцарија, Германија и други европски земји. Присуството на „Victory“ во продавниците низ Европа во моментов е слабо, но со воведувањето на новите Octane и Victory RR електрични машини, нивната продажна мрежа наскоро ќе се прошири.

victory octane

Во продавниците исто така ќе можат да се купат и други модели. Тие ќе бидат прикажани и на изложбите за да можат возачите да видат со што во моментов се занимава „Victory“.

„Victory Octane“ има Indian Scout мотор кој може да произведе 103 коњски сили и забрзување од 0-100 за помалку од 4 секунди. Моторот првично беше развиен за проектот 165, машината која Victory минатата година ја претстави на „Pikes Peak International“ саемот за мотоцикли. Шасијата е различна од онаа кај Scout. Според производителот, нејзината агилност досега не е видена кај ниту еден Американски V-twin мотоцикл.

Во Европа, мотоциклот ќе се продава по цена од 12.950 евра, што и не е така многу.

Back To Top