Мотоцикли

Triumph претстави нови Speed Triple S и RS модели

По видеото кое неодамна го објави, Triumph денеска ни ги откри Speed Triple S и RS верзиите. Двата модели се надополнување на одличниот баланс, моќ и управување кое го имаат основните верзии.

Следете нè на:

 

Како што можевте да очекувате, најголемите подобрувања се направени кај моторот. Новата генерација на Speed Triple S и RS се опремени со „inline-three“ агрегат кој има дури 105 нови делови кои обезбедуваат поголемо моќност како и линеарна распределба на таа моќност.

Максималната моќност достигнува 150 коњски сили додека пак бројот на вртежи достигнува 117 Nm. Ова беше постигнато со помош на новите послесни носачи, алуминиумските цилиндри, редизајнираните глави на цилиндрите како и пренасочениот систем за проток на гориво.

triumph reveals new speed triple s and rs models 4

Редизајнираниот мотор сега е директно поврзан со издувот и со тоа се добива подобар звук како и подобри перформанси. Подобрениот менувач пак ви нуди поголем комфорт додека возите.

Новите модели ја задржаа препознатливата единечна вилушка која ја имаше кај претходната генерација. Покрај ова, моделот ги задржа и „Pirelli Diablo Supercorsa“ пневматиците како и предните диск сопирачки (Brembo 4-клипни M4.34).

И двата модели имаат целосно прилагодлива суспензија која може да се намести во зависност од тоа дали возите низ град или на тркачка патека. Самиот дизајн на мотоциклите исто така не беше заборавен и тие сега доаѓаат со нови бандажи, издуви со типичен тркачки стил, елегантен резервоар за гориво како и двојно седиште. Меѓу стандардните додатоци се и 5 инчниот TFT панел, четири режими на возење како и темпомат.

Triumph Speed Triple S е опремен и со целосно прилагодлива 43 mm USD Showa вилушка како и ABS сопирачки за да се зголеми безбедноста. Моделот RS пак има оптимизирани ABS сопирачки, контрола на тракцијата и се пали без клуч. Тој е исто така и три килограми полесен.

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!