Gold Wing се покажа како одличен модел за фабриката Honda. Над половина милион примероци се продадени во текот на 38 години колку што постои на пазарот. И покрај тоа што не е нов, сегашниот шест цилиндричен GL...

honda-f6b-2013-8 

Gold Wing се покажа како одличен модел за фабриката Honda. Над половина милион примероци се продадени во текот на 38 години колку што постои на пазарот. И покрај тоа што не е нов, сегашниот шест цилиндричен GL сеуште е комфорен туринг мотор кој беше претставен во 2001 година за да биде конкуренција на иновативниот BMW K1600.

Со цел да извадат што е можно повеќе од  добрата но помалку остарена платформа на Honda,  Јапонскиот производител извади по спортска но помалку туринг верзија која што ја нарекоа F6B. Без разлика дали го викате „Bagger“ или „Chopped tourer“, од Honda се надеваат дека за F6B за вас ќе претставува „Тhe essence of cool“, фраза која тие ја користат во нивниот маркетинг.

Настрана маркетингот, F6B во суштина е Gold Wing кој што е растурен, исецкан и преправен. Со исфрлувањето на неколку делови, неговата тежина е намалена за 28 килограми, но и покрај тоа GL воопшто не е лесен и тежи неверојатни 381 килограм (или 385 кг. кај делукс моделот на кој има потпирач на грбот, трепкачи кои сами се гасат итн).

За да се направи трансформацијата во F6B, електронската суспензија на Gold Wing  беше заменета со хидрауличен федер, како кај ST1300. Висината беше намалена, сега иснесува 12цм напред и 10цм на задниот дел. Висината на седиштето е намалено за 1цм сега изнесува 72цм, а удобното седиште на GL е заменето со потенко, во „Gunfighter“ стил на седиште кое во суштина е поинакво толкување на типично заоблено седиште. Додатоците, како на пример контрола на патувањето, е исто така отстранета во корист на по достапна цена.

Други стилски измени се: поголема видливост на моторот од 1832cc, кратко ветробранско стакло во согласност со нискиот модел, нови издувни системи и нови странични огледала.

Основниот модел на 2013 Honda F6B со ABS е достапен по цена од 23.990 евра, а за Делукс моделот ќе треба да побарате цена во Хонда салонот на Макептерол кој е официјален увозник за Македонија. Цената на F6B е за 4.000 евра пониска од онаа на GoldWing GL1800 DX.

На пат: низок, удобен и подобар за патување на долги патеки отколку што претпоставувате

Седењето на Honda F6B открива сличен, но сепак малку поедноставен поглед во однос на целосно опремениот Gold Wing. Големи аналогни мерачи и големите копчиња и понатаму го прават F6B да изгледа огромен, речиси како автомобил. Но благодарение на нискиот профил и скратеното ветробранско стакло, постои малку повеќе рационализација, модерно чувство- иако со големите копчиња кои ги има од GL, не делува како да е модел од 2013 година.

Шест цилиндричниот мотор брзо се пали. Со нозете поставени на шипките и бавно отпуштање на кумплугот, F6B лесно тргнува напред. Како и Gold Wing и F6B лесно забрзува, а одличниот мотор овозможува голем број на вртежи во речиси секоја брзина.

Брзините, моќноста на моторот и суспензијата во суштина се исти како кај Gold Wing. И покрај тоа што се чувствува малку побрз на правец благодарение на помалата тежина, поголема разлика се забележува на свиоците каде што F6B полесно се управува кога ќе се стабилизира тежината. Кога треба да ја намалите брзината, комбинираните сопирачки вршат одлична работа.

Цврстите кутии од двете страни на моторот заедно можат да соберат и до 50 литри, доволно големи за секоја од нив да може да носи по една кацига. Вградениот систем со два звучници кој има AM/FM тјунер е прилично гласен, а може да се поврзе и IPod преку USB или RCA приклучокот.

Возачите кои патуваат на подолги релации открија дека таканареченото „Gunfighter“ седиште не е толку удобно како седиштето на Gold Wing но сепак не е ни толку лошо. Едно пријатно изненадување е тоа што скратеното ветробранско стакло не создава турбуленција околу кацигата. Патувањето на автопат произведува поголема бучава на воздухот отколку кај GL, но сепак потивко отколку што се очекува на прв поглед.  При 100км/ч во петта брзина, моторот на F6B произведува околу 3000 вртежи во минута.

Завршен збор, спецификации, кој треба да ја купи Honda F6B

Honda F6B капитализира преку користењето на испробаната платформа со шест цилиндрични основи за која многумина сметаат дека е луксузна и прекумерна. А токму таму лежи и шармот на овој мотор. И покрај тоа што малку е жртвувана удобноста при долго патување, F6B и понатаму е удобен мотор.

Недостатоци:  Би сакал F6B да ја задржеше контролата при патување што ја има кај Gold Wing. Овој додаток во моментов не е достапен. Додека куферите се доволно големи за извршување на секојдневните обврски, отстранувањето на багажникот го прави патувањето уште полесно. А тука се и не толку суптилните потсетници на неговата возраст, како на пример централниот LCD дисплеј кој зафаќа многу простор, a не покажува во која брзина возите. Понатаму, копчињата за аудио контрола изгледаат архаично.

Но, кога F6B ќе го споредите со други мотори на повеќе платформи, шест цилиндричното педигре на Honda се издвојува правејќи го прекрасно луксузен.

Кој треба да ја купи Honda F6B

Фановите на bagger жанрот кои бараат големи мотори кои не ја жртвуваат премногу способноста за патување на долги релации.

Извор: Motorcycles.com

Back To Top