Мотоцикли

Сузуки најави лимитирана едиција на GSX-R1000

Сузуки ги објави деталите за лимитираната едиција на GSX-R1000 World Superbike реплика која ќе се произведе во само 25 примероци со Voltcom Crescent Suzuki бои.

Следете нè на:

 

Сузуки ги објави деталите за лимитираната едиција на GSX-R1000 World Superbike реплика која ќе се произведе во само 25 примероци со Voltcom Crescent Suzuki бои.

Screen-Shot-2014-08-18-at-14.31.08Suzuki GSX-R 1000 Voltcom Crescent Suzuki replica

Лимитираната верзија која ќе биде произведена во само 25 примероци освен боите на Voltcom Crescent Suzuki тимот ќе има и Yoshimura R77 издув, GB Racing заштитни капачиња на моторот како и поклопец на задното седиште кое ќе биде потпишано од Алекс Ловс и Јуџин Лаверти.

Имајќи ја во предвид популарноста на репликата Tyco Suzuki GSX-R600 која ја пуштивме во продажба летово, логично беше да направиме нешто и за фановите на GSX-R1000.
изјави Роб Купер, маркетинг менаџерот на Сузуки.

Screen-Shot-2014-08-18-at-14.31.24Реплика на моторите на Алекс Ловс и Јуџин Лаверти

Цената на лимитираната серија воопшто не е висока, изнесува само 15.000 евра, па се очекува за кратко време да биде продадена целата залиха.

Од Сузуки најавија нова лимитирана едиција и за моделите GSX-R600 како и GSX-R750.

 

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!