Suzuki ни претстави едно интересно видео и се чини дека со него сакаат да не подготват за INTERMOT шоуто кое треба да се оддржи во Келн, Германија.

Кога ќе го изгледате видеото, ќе ви стане јасно за што зборувам. Во него неколкупати се споменува зборот меч, а Suzuki во последниот период се почесто го споменува и името “Katana”.

Неодамна заштитувајќи го својот бренд во САД како и постигнувајќи договор за соработка со изработувач на ретро мотоцикли, Suzuki вложи многу за да не потсети на познатиот мотоцикл од пред неколку години.

Suzuki GSX 1100S Katana

Видеото завршува со натпис “斬“, Јапонски збор за „исече“ или „убиен со меч“. Поентата на ова видео би требало да биде очигледна. Морам да признаам, точките се сите тука, а се чини дека Suzuki не остава само да ги поврземе. Оживувањето на името Katana е исто така значаен чекор на брендот Suzuki бидејќи овој мотоцикл има богата историја.

Нова и променета верзија на Suzuki Katana би можело да претставува голема победа за Јапонската компанија, особено во момент кога компанијата се обидува да се стабилизира на пазарот.

Сите знаеме дека Suzuki планира да објави неколку важни модели за сезоната 2019. Suzuki GSX-R600 и Suzuki GSX-R750 се очекува да дебитираат следната година, а тука ја имаме и целосно новата Suzuki Hayabusa.

Три исклучително важни мотоцикли за корпорацијата ќе бидат модели за сезоната 2019. Па зошто тогаш има толку големо возбудување околу четврти модел? Ние сметаме дека Suzuki треба да направи нешто големо со цел да остане релевантна во индустријата.

Јапонскиот производител во последниот период заостанува во споредба со своите јапонски конкуренти и мора да преземе нешто за да се изедначи со нив.

Но објавата на неколку проекти наеднаш, никогаш не е добар потег, особено кога тие се дел од една иста категорија.

Сепак, Suzuki е навистина иновативна компанија. Неодамна компанијата ја пушти во употреба целосно новата фабрика која ќе го модернизира начинот на кој се изработуваат мотоцикли, а исто така ќе ги намали и трошиоците. Наскоро може да се очекува и деби на концептот Recursion, а има и голем број на гласини поврзани со технологијата која е дел од новата Hayabusa.

Без разлика што има Suzuki подготвено за нас на INTERMOT, ние ќе бидеме таму и ќе ве известиме за сите најнови случувања.

Back To Top