Како и секоја година саемот „EICMA“ во Милано е нај големото збиднување во мото светот. На италијанскиот саем ќе бидат презентирани сите новитети за 2016 година, а од нив ги издвојуваме:

Саемот во Милано е нај големиот настан од овој карактер кој се одржува од далечната 1914 година. Иако не се одржувал секоја година во минатото заради разни прекини, сепак оваа година ќе бидеме сведоци на 73-то издание на саемот.

Како и секоја година саемот „EICMA“ во Милано е нај големото збиднување во мото светот. На италијанскиот саем ќе бидат презентирани сите новитети за 2016 година, а од нив ги издвојуваме:

BMW

BMW G 310 R

bmw g310 r 02

Со новиот G 310 R, BMW ќе дебитира во сегментот на мотори со мала зафатнина. Моделот е направен во соработка со познатата Индиска фабрика TVS, а според најавите се очекува да биде придвижен од агрегат со еден цилиндар со зафатнина од 313цм3 и моќност од 34кс. На штандот на BMW ќе имаме прилика да го видиме и R nineT Scrambler. Моделот ќе биде базиран на концептот „Concept Path 22“ инспириран од сурферската култура. Моделот нај веројатно нема да доаѓа од фабрика со држач за даска за сурфање како што беше прикажано на „Wheels & Waves Festival“ во Франција, но се очекува сличен изглед.

Honda

Три нови модели

Tre anteprime Honda a EICMA 2015 6

Honda за во Милано најави три нови модели. Извесно е дека ќе ја видиме новата NC750S (модел сличен на NC750X), потоа се очекув презентација на новата Integra 750 MY2016,  како и Honda CB500F. Во живо ќе имаме да ја видиме и Honda Africa Twin CRF1000L како и неколку модели кои сеуште немавме прилика да ги забележиме по македонските патишта.

Yamaha

Јамаха за годинешниот саем во Милано акцентот го стави на новиот „МТ“ модел.

yamaha mt nn

Нема доволно конкретни информации, се е базирано на шпекулации, а од Јамаха добивме само тизер видео од кое и не може да се забележи многу. Имаме среќа да бидеме дел од новинарите кои ќе бидат присутни на 16-ти ноември на презентацијата на Јамаха во Милано пред почетокот на саемот, па ќе можеме со вас порано да ги споделиме деталите за новиот модел. Интересна ќе биде презентација и на Yamaha MT-09 Faster Sons, верзија на МТ-09 изработена од легендарниот Роланд Сендс.

Ducati

Ќе ја видиме ли новата „Panigalina“?

Ducati Panigale 959 06 oktober 2015

За Дукати како домашна компанија на „EICMA“ секогаш се очекува многу. Нај веројатно ќе биде презентиран новиот Ducati Panigale 959 (160кс) Ќе имаме прилика да ја видиме новата Multistrada Pikes Peak, Ducati 1199 Panigale ST... Дукати секоја година прави фантастични презентации, а како и досега ќе имаме прилика да присуствуваме на пресот еден ден пред почетокот на саемот.

Kawasaki

Kawasaki Vulcan S Special Edition

kawasaki vulcan s le 2016 04

Зелената екипа подготви неколку новитети за Милано. Иако јавност веќе е запознаена со новата Нинџа, кај штандот на Кавасаки ќе не очекуваат и нови Kawasaki Vulcan S 650 Limited Edition, Kawasaki Z125 и Kawasaki ZZR 1400. 

Suzuki

2015 Suzuki Gladius 650 White Blue Right Side Profile 750x400

Се поизвесно е дека нема да видиме нов Suzuki GSX-R 1000 во Милано, но затоа пак ќе не очекува нов нејкед на штандот на Сузуки со име „Gladius“. Сузуки најави и нов градски модел со мала зафатнина кој го носи името „Van Van“ но не се очекува голем интерес за него на Европскиот пазар.

Имајќи во предвид дека на „EICMA“ оваа година ќе има повеќе од 1000 излагачи за да продолжиме со листава ќе ни треба повеќе време отколку што имаме на располагање, освен најавените модели не очекуваат и многу други изненадувања, па доколку сте во можност да отидете во Милано во периодот од 19-22 ноември, не се колебајте. Доколку обврските не ви го дозволуваат тоа, следете не нас, како и до сега екипата на Мотори.ком.мк ќе присуствува на саемот „EICMA“ од каде ќе ве известуваме за сите новитети од мото светот.

Back To Top