29
Пон, Мај
Мотоцикли

Што да очекуваме од „EICMA“ - најголемиот саем за мотори во светот

Се пакуваме, подготовките се направени, акредитациите се подготвени, време е да одиме во Милано каде секоја година се одржува популарниот саем „EICMA“ - најголемиот саем за мотори во светот.

Следете нè на:

 

milano-saemХалите во кои се одржува најголемиот саем за мотори во светот

Што да очекуваме од „EICMA“ оваа година? Листа на големите производители и најавените нови модели.

Се пакуваме, подготовките се направени, акредитациите се подготвени, време е да одиме во Милано каде веќе 71 година се одржува популарниот саем „EICMA“ - најголемиот саем за мотори во светот.

Иако саемот за посетителите официјално се отвора во четврток (7-ми ноември), за нас новинарите возбудувањата започнуваат во понеделник. Традиционално понеделникот е резервиран за големата прес конференција на Дукати, но секако тука се повеќе помали презентации.

Вторник и среда се денови на саемот отворени само за новинарите и увозниците на брендовите кои се претставени на саемот, и се исполнети со прес конференции и претставувања на новите модели. Имајќи во предвид дека саемот е огромен, тие два дена не се доволни за да се поминат шандовите на сите брендови и да се пренесат сите информации веднаш но ќе се трудиме да ве известуваме навремено за сите нови модели, а останатите фотографии ќе ги објавиме подоцна. Нашата посета на саемот „EICMA“ во Милано е помогната од Динамикс.

Но да не должиме, еве кои нови модели не очекуваат во Милано:

Aprilia logo

 

Aprilia


Новото Tuono V4R ABS, како и нова верзија на добро познатата RSV4. Се очекува и нова верзија на одличниот Capo Nord 1200, но сеуште не е потврдена информацијата

BMW logo
BMW

Веќе е познато дека новиот R1200GS Adventure ќе биде претставен на саемот, а се очекува и нов модел на R1200RT со водено ладење, како и нов S1000RR во роадстер конфигурација. 

Ќе имаме прилика да го видиме R Nine-T кој што минатата година на саемот беше претставен како концепт, а сега пред нас ќе биде продукциската верзија. Секако, тука ќе биде и новиот скутер C Evolution. 

Ducati logo
Ducati

Дукати се на домашен терен, иако веќе го претставија 899 Panigale, се очекува на саемот да се појави новиот Scrambler барем како концепт, иако имаше шпионски фотки од неговите тестови. 

Секако тука ќе биде и Panigale R Superleggera како и нова и поголема верзија на Monster. 

Harley-Davidson logo
Harley-Davidson

Harley-Davidson традиционално не подготвува големо изненадување во Милано, тие ги прават презентациите на новите модели во САД, но можеме да очекуваме нови варијанти на веќе постоечките модели.

Сигурно ќе имаме можност да го видиме новиот Sportster со ABS бидејќи тоа го бара законот за извоз во ЕУ. Можеби ќе видиме и нов Fat Bob? 

Honda logo
Honda

Хонда ја тестираше новата CTX1300 па ќе имаме можност да ја видиме на саемот, но она што ќе привлече повеќе внимание секако е долго очекуваниот римејк на Africa Twin. Љубителите на брзинците ќе можат да уживаат во новиот CBR1000RR, а тука ќе биде и неговиот помал брат CBR300R. 

Husqvarna logo
Husqvarna

Husqvarna која сега е дел од KTM, веќе ја покажа целата колекција за 2014 па не очекуваме изненадувања од нив. 

Останува да видиме како КТМ ќе ја направи презентацијата на добро познатиот бренд. Дали ќе имаат заедничка или посебна прес конференција? 


Kawasaki logo
Kawasaki

Kawasaki пушти „случајно“ слики од новиот скутер J300 кој ќе можеме да го видиме во Милано, а интересни се шпекулациите за нов модел во Z серијата, можеби Z300? 

Од зелениот тим очекуваме изненадувања на самиот саем како што е тоа вообичаено за Кавасаки, а ќе имаме можност да ви го презентираме и новиот Z1000 за 2014 кој е прекрасен.

KTM logo
KTM

KTM ќе настапи со новиот 1290 Super Duke R како и нова верзија на 1190 Adventure. 

На саемот ќе бидат претставени и новите спортски модели со мала зафатнина како што се  RC125, RC200 и RC390. 


Moto Guzzi logo
Moto Guzzi

Слушнавме многу муабети на тема Stelvio со агрегат од 1400цц, иако нема шпионски фотки, па ќе биде чудо доколку го видиме на саемот.

Имајќи во предвид дека Гуци најчесто прави еден нов модел кој го претставува во Милано, се прашуваме што ќе биде тоа оваа година? 

MV Agusta logo
MV Agusta

Веќе пишувавме за новата MV Agusta Turismo Veloce со три цилиндри и 800цц. Сепак се сомневаме дека Агуста ќе остане само на тоа, останува да видиме кое друго изненадување го подготвиле за саемот.


Suzuki logo
Suzuki

Suzuki официјално ќе го покаже новиот V-Strom 1000 како и непобедливиот скутер на саемот, Burgman. 


Triumph logo
Triumph

Triumph го најави новиот Thunderbird со зафатнина од 1700цц, како и нова верзија на Tiger 800. 

Да се надеваме оваа година дека ќе донесат доволно прес материјали, минатата година исчезнаа за половина час. 

Vespa logo
Vespa

Во светот на Веспа не очекува замена за LX моделот, се зборува за можен наследник со 350цц. 

Секако нема да не изненади доколку видиме нов концепт како минатата година кога беше претставена новата Vespa 946.

Yamaha logo
Yamaha

Yamaha конечно ќе претстави замена за легендарната TDM900, најавени се новости во програмата за скутери, а очекуваме и изненадување за кое се шушка подолго време. 

Ќе се потрудиме фотографиите да ги објавуваме во текот на денот, веднаш по завршувањето на саемот, а останатите материја и техничките карактеристики ќе ги оставиме за периодот по враќањето во Македонија. Доколку имате некоја посебна желба, модел на мотор, опрема или било што од саемот, само пишете ни, ќе се потрудиме да не ви останеме должни.

 

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!