Мотоцикли

Специјален модел на Honda Rebel ќе биде претставен на SXSW 2017

Новата Honda Rebel ќе биде претставена на саемот за мотори SXSW кој ќе се оддржи во Остин, Тексас од 15. до 18. Март. Јапонскиот производител на мотоцикли исто така ќе претстави и лимитирана верзија на „Honda Rebel Aviator Nation“.

Следете нè на:

 

Новата Honda Rebel ќе биде претставена на саемот за мотори SXSW кој ќе се оддржи во Остин, Тексас од 15. до 18. Март. Јапонскиот производител на мотоцикли исто така ќе претстави и лимитирана верзија на „Honda Rebel Aviator Nation“.

special honda rebel launching at 2017 sxsw 116213 1Honda Rebel Aviator Nation

Познатата Honda Rebel доби промени за сезоната 2017, како внатрешни така и надворешни. Тој е сега модерен мотоцикл со класичен и минималистички стил.

Кога Пејџ Мусоски во седумдесетите години ја создаде „Honda Rebel + Aviator Nation“ верзијата, крајниот резултат беше перфектна соработка наменета за авантуристите кои сакаат да истражуваат.

special honda rebel launching at 2017 sxsw 1Honda Rebel 2017

„Бев инспириран од мотоциклите од седумдесетите години. Кога ми се пружи можност да работам на Honda Rebel 2017, знаев дека сакам да креирам класика, мотоцикл кој ќе потсетува на поранешните мотоцикли на Honda.“

Рачно изработеното кафеаво седиште на кое се наоѓа логото на Aviator Nation е во ретро контраст на црните амортизери на мотоциклот, а за да се комплетира ретро изгледот на мотоциклот му се додадени кафеави кожни рачки, округли ретровизори и минималистичко светло.

Моделот за прв пат ќе се појави во јавност за време на фестивалот SXSW а оние кои ќе се најдат таму ќе можат да нарачаат и рачно изработена опрема.

Во меѓувреме, стандардниот Honda Rebel 2017 ќе се најде во продажба кон крајот на април. Лимитираната верзија на Aviator Nation ќе се најде во продажба во јуни.

Би можело да ве интересира

Шест возачи, шест видеа, скокови кои никогаш не завршуваат

Тешко е да се чува тајна во MotoGP. А една од најлошо чуваните тајни беше онаа дека Сепанг Интернационалната патека или скратено SIC, планира да има свој MotoGP тим.

Знаеме дека за сезоната 2019 BMW Motorrad планира да објави девет модели. Иако сè уште не се знае точно кои ќе бидат тие, сепак за некои можеме да претпоставиме.

Новиот мотоцикл на Honda, CB1000R, кој има цена од 13990 евра за обичната и 14990 евра за „FOP“ верзијата изгледа помалку чудно. Јапонската компанија го нарекува „Neo Sports Café“.

We, The Riders - Ние возачите, сме возачи од целиот свет. Имаме различни професии и изгледаме различно. Но имаме едно нешто кое не обединува:  Радоста додека возиме.

Скот Рединг се извини за забелешките кои ги упати кон Aprilia по завршувањето на Австриската Гран При трка, а во кои зборуваше за недостатокот од развој и прогрес на RS-GP машината.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!