×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/honda500

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/honda500

Мотоцикли

Шпионски фотки од новите Honda CBR500, Honda CB500R и Honda CB500X

motori honda-cb500-spy-photo-10На саемот „EICMA“ во Милано Хонда ќе ја претстави новата гама на мотоцикли со зафатнина од 500цц, се работи за новите модели Honda CBR500, Honda CB500R и Honda CB500X кои нашите пријатели од италијанскиот сајт „Il Centro“ успеаа да ги фотографираат за време на снимањето на новата реклама на Хонда во Италија.

Следете нè на:

 

honda-cb500-spy-photo-10

На саемот „EICMA“ во Милано Хонда ќе ја претстави новата гама на мотоцикли со зафатнина од 500цц, се работи за новите модели Honda CBR500, Honda CB500R и Honda CB500X кои нашите пријатели од италијанскиот сајт „Il Centro“ успеаа да ги фотографираат за време на снимањето на новата реклама на Хонда во Италија.

honda-cb500-spy-photo-05Honda CBR500

Сите три модели ќе имаат ист агрегат, паралелен-твин мотор со зафатнина од 500цц кој ќе развива 45кс. и иста шасија на која ќе бидат поставени различни елементи. Хонда со овие модели цели кон новите моторџии на кои буџетот им е навистина ограничен, па се очекуваат неверојатно ниски цени за овие модели. За новајлиите ќе бидат одлична можност да возат квалитетен мотор за евтини пари, иако за искусните нема да биде предизвик возењето на CBR со „обични“ пушки и еденечен диск напред. Сепак Хонда се одлучи на ваков чекор имајќи го во превид успехот кој го постигна минатата година со претставувањето на NC700 S и X моделите, чиј директен наследник е Honda CB500X.

honda-cb500-spy-photo-06Honda CB500X

Сеуште не е позната цената на новите модели за Македонскиот пазар, но според нашите информации ќе биде навистина конкурентна! На саемот во Милано и официјално ќе бидат претставени новите модели, а бидејќи нашата екипа ќе биде таму очекувајте ексклузивни фотографии и информации. {gallery}honda500{/gallery}


Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!