Мотоцикли

Се појавија детали за Honda CBR1000RR 2017

Нашите колеги од „NieuwsMotor “дојдоа до техничките спецификации на Honda CBR1000RR 2017. Според нив, новиот супербајк ќе има дополнителни 10 коњски сили, а и неговата тежина ќе биде зголемена за 15 килограми. Меѓу другите додатоци се и Öhlins полу-активната суспензија, различни модели на возење и контрола на тракцијата.

Следете нè на:

 

Нашите колеги од „NieuwsMotor “дојдоа до техничките спецификации на Honda CBR1000RR 2017. Според нив, новиот супербајк ќе има дополнителни 10 коњски сили, а и неговата тежина ќе биде зголемена за 15 килограми. Меѓу другите додатоци се и Öhlins полу-активната суспензија, различни модели на возење и контрола на тракцијата.

Новата Honda CBR1000RR ќе биде во согласност со Euro 4 стандардот, а од компанијата велат дека 90 % од машината е редизајнирана за моделот за 2017 година.

honda logo

Од сите мотоцикли кои ќе дебитираат на INTERMOT шоуто утре, ние со нетрпение ќе очекуваме да го видиме Honda CBR1000RR 2017.

Од неколкуте фотографии кои досега беа објавени, можевме да забележиме дека има драстични промени на каросеријата на мотоцикот, иако рамката и шасијата изгледаат речиси идентично како и кај другите машини. На рекламата што ја објави Honda за новиот CBR1000RR, потенцијалот беше ставен на V4 моторот.

Ова претставува интересен предлог од страна на Honda, која постојано ја доведува во прашање иднината на пазарот за спортски мотоцикли. Тие неодамна презедоа чекори за повеќе да не се натпреваруваат во суперспорт категоријата.

Но она што ќе биде претставено на INTERMOT претставува јасен сигнал за тоа каде се движи Јапонската компанија.

Ако оваа информација е точна, би рекле дека Honda барем го довела CBR1000RR до ниво каде што ќе може да се натпреварува со останатите брендови. Главната работа секако е во деталите, а тие информации ќе ги добиеме утре.

Во однос на спецификациите, Honda CBR1000R 2017 ќе има 190 коњски сили и тежина од 200 килограми. 

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!