Сигурен сум дека имате слушнато за Energica, производителот на електрични мотоцикли кој засега има најубави модели. Сепак, една нова компанија, Fenris Motorcycles има голем напредок и е на пат да им стане главен конкурент.

Сигурен сум дека имате слушнато за Energica, производителот на електрични мотоцикли кој засега има најубави модели. Сепак, една нова компанија, Fenris Motorcycles има голем напредок и е на пат да им стане главен конкурент.

Со седиште во Копенхаген, Данска, Fenris Motorcycles работат на нова електрична платформа на која ќе се базираат најмалку два модела. Од компанијата тврдат дека финалниот модел ќе може да достигне најмалку 300км/ч и да развие од 0 до 100км/ч за помалку од 3 секунди.

Fenris 1

Извршниот директор и основач на компанијата Јеспер Винд смета дека на пазарот во моментов има само еден конкурент, Energica.

„Двата главни производители од САД го започнаа развојот во време кога оваа технологија беше во зародиш. Токму затоа ние имаме само еден конкурент, Италијанската компанија Energica,“ вели Јеспер.

Ова се големи зборови за компанија која има само еден прототип кој работи. Од компанијата тврдат дека нивниот електричен мотор тежи само 11,8 килограми што е една четвртина од тежината што ја имаат мотоциклите на конкурентите.

Fenris 2

Конечната верзија на моделот би требало да има тежина од 195 килограми, што е приближно еднаква на тежината што ја имаат класичните мотоцикли.  Тој ќе има и 200 коњски сили и слободно ќе може да се носи со нив.

Од сликите можете да видите дека мотоциклот на Fenris нема да биде сличен на останатите. Погледнете ја само суспензијата. Се чини дека идејата им е центарот на масата да биде што е можно подолу со оглед на тоа дека батеријата на мотоциклот се наоѓа на местото каде што би требало да бидат моторот и резервоарот за гориво.

Fenris 3

Компанијата планира да направи најмалку два мотоцикли кои ќе се базираат на оваа платформа, спортски и туринг. Има гласини дека до 2019 година на пазарот ќе се појават најмалку 500 вакви модели но сепак се очекува тие да достигнат висока цена.

Back To Top