Новиот модел на Kymco, AK550, е скутерот со најголем капацитет на Тајванската компанија.

Со цена од околу 9000 евра, овој модел е наменет да се натпреварува со Yamaha TMAX која е лидер во овој сегмент на пазарот. Ние успеавме да го возиме овој скутер на неколку временски услови.

 85Q8856

Има два режими на возење во зависност од временските услови. Доколку возите со режимот за дожд, тогаш реакцијата на гаста е малку послаба, а контролата на тракцијата е посилна. Доколку пак возите со режимот за суви услови, тогаш можете да го искористите целиот потенцијал на гаста и самиот мотоцикл е многу позабавен за возење. Доколку се најдете на отворен пат, AK550 за многу кусо време ќе ви овозможи голема брзина. Потрошувачката на гориво е помала од очекуваното и со полн резервоар ќе можете да поминете 280 километри.

 85Q8894

Тој е голем и удобен, а самата позција на возење ви дава дополнителна самодоверба. Предниот дел на скутерот ви овозможува со голема леснотија да се пробивате низ сообраќајниот метеж, а во исто време ви обезбедува дополнителна заштита од сите надворешни елементи како што ја зголемувате брзината на возење. Долгата основа како и петнаесет инчните тркала ви обезбедуваат поголема стабилност, а во исто време и лесно маневрирање низ сообраќајот.

 85Q8916

Неговата тежина изнесува 226 килограми и таа може да се зголеми со 20 литри гориво колку што собира резервоарот. Но самата тежина на мотоциклот воопшто нема да ја забележите штом се најдете на пат.

За да ја оправда цената од околу 9000 евра, АК550 е опремен со високо квалитетни делови.  Тој има „Metzeler Feel Free“ пневматици како и „Brembo“ радијални клипови. Во предвид е земена и удобноста при возењето, а во зависност од потребата можат да се подесат висината на ветробранското стакло како и седиштето. Доколку сакате има опција и за греење на рачките што претставува дополнителна предност при возењето во зимски услови.

 85Q8902

Опремен со уникатната технологија „Noodoe“,  LCD екранот на АК550 може да се поврзе со вашиот телефон. Дури и за некој како мене, кој воопшто не се разбира во технлогија, ова е прилично лесно за користење. Распоредот на работите на екранот можете да ги прилагодите според вашите потреби, а исто така можете да добивате и пораки.

 85Q8940

Под седиштето се наоѓа просторот за багаж кој е поголем во однос на другите скутери од оваа категорија.

Од компанијата направија значителен напредот кај овој модел, а АК550 е опремен со квалитетни делови. Вложен е огромен напор тој да се изедначи со лидерот во овој сегмент Yamaha TMAX. Сепак, со оглед на тоа дека компанијата не е многу популарна низ светот, а исто така има и малку продавници каде што можат да се купат ваквите модели, сметаме дека разликата во цена која изнесува само 1000 евра би требала да биде малку поголема.

 85Q8921

Воопшто не се сомневаме дека со овој скутер на Kymco ќе можете да ја завршите истата работа како и со скутерите на Yamaha. Тој е практичен, брз, има добри сопирачки и пневматици. Но едно нешто што му недостасува во споредба со TMAX е преносот на моќта, суспензијата како и заштитата при неповолни временски услови. Плус, тој е и малку потежок, нешто што сигурно ќе го забележите доколку треба да го буткате во вашата гаража.

 85Q8991

Извор: MCN

Back To Top