Мотоцикли

Прво возење: Honda CB125R

Заменувајќи го CBR125R, верзијата CB додава доза на софистицираност на целата класа. Тој нуди изглед и компоненти на голем мотоцикл кој во суштина е исклучително лесен и со полн резервоар можете да поминете речиси 500 километри.

Следете нè на:

 

Моделот CB125R на Honda е нивниот последен излет во исклучително конкурентната спортска 125cc класа и е наменет за новите возачи. Заменувајќи го CBR125R, верзијата CB додава доза на софистицираност на целата класа. Тој нуди изглед и компоненти на голем мотоцикл кој во суштина е исклучително лесен и со полн резервоар можете да поминете речиси 500 километри.

cb125r1

Во срцето на CB125R се наоѓа 2v SOHC едно цилиндричниот мотор кој произведува 13.1 коњски сили. Иако во споредба со своите конкуренти, кај оваа верзија моќноста е помала, она што го нуди е сосема доволно за возење низ град.

Испораката на моќта е линеарна и предвидлива издигнувајќи се до 11.000 вртежи во минута. Звукот кој го произведува овој мотоцикл е навистина добар пред се благодарение на издувот кој го дизајнираше Honda и кој има за цел да им помогне на младите возачи. Како надополнување на ова има и LCD екран кој е многу лесен за ракување.

CB е одличен за возење низ град и за поискусните возачи. Тој ја дели истата рамка и 41mm Showa вилушка како и моделот CB300R кој наскоро треба да се најде на пазарот. Мотоциклот е навистина удобен, а неговата тежина изнесува 125.8 килограми. Но и доколку го возите надвор од градот, овој мотоцикл има што да ви покаже.

За жал, периодот кој го поминав со CB не помина без проблеми, а неколку пати мотоциклот едноставно не сакаше да префрли во прва брзина. Плус, предниот дел на мотоциклот не го нуди она чувство на безбедност кое им е потребно на младите возачи. Но и покрај овие работи, CB125R навистина вреди и се очекува да стане еден од нај популарните градски мотоцикли за почетници во Европа.

cb125r2

Факти...

Мотор: 125cc 2v 

Рамка: Челик

Висина на седиштето: 816mm

Суспензија: 41mm телескопска, превртена вилушка и единечен заден амортизер кој не се прилагодува

Предни сопирачки: 296mm единечен диск

Боја: Бела, Црвена, Црна и Сива

Достапен во продавниците од почетокот на април 2018

Моќност: 13.1bhp@10,000rpm

Број на вртежи: 7.4ftlb@8000rpm

Тежина: 125.8 кг

Капацитет на резервоарот: 10.1 литар

cb125r3

Извор: motorcyclenews.com

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.