Новиот мотоцикл на Honda, CB1000R, кој има цена од 13990 евра за обичната и 14990 евра за „FOP“ верзијата изгледа помалку чудно. Јапонската компанија го нарекува „Neo Sports Café“.

За време на неговото претставување во Шпанија, не ни требаше многу време за да сватиме дека тој е микс на super naked и retro моделите на компанијата.

Но,  и покрај тоа што многумина се надеваа дека ќе биде соголен Blade, сепак тој не е тоа. Според моќноста и перформансите, тој ги нема оние карактеристики кои ги имаат Tuono на Aprilia, BMW S1000R или пак Yamaha MT-10.

DSC 0885

Сепак, тој претставува подобрување на последните верзии на café racer машините како што се BMW R nineT, Triumph Thruxton, Kawasaki Z900RS и новиот Ducati Scrambler 1100. Моделот на Honda исто така е и технолошки понапреден од неговите сонародници: Suzuki GSX-S1000 и Kawasaki Z1000.

На CB1000R можете да гледате како на ривал на Speed Triple и тој се наоѓа некаде помеѓу супер и спорт соголените верзии. А исто како и Triumph, и новата Honda нуди одличен микс на стил, забава, моќност и управување.

Најдоброто нешто кај новиот CB е начинот на кој е направен. На најдобар начин можат да се видат квалитетот и вниманието кое е посветено на деталите. Можете да почуствувате дека секоја компонента е внимателно одбрана од страна на Јапонските инжинери. Стартувајќи од темната боја, црвеното седиште па се до елегантната нова подрамка. Издувот изгледа и звучи премногу добро и немате никаква потреба да го менувате.

Предните LED светла заедно со задните светла се толку тенки што го прават самиот мотоцикл да изгледа многу покомпактен. Црвените Showa амортизери изгледаат исто како кај мотоциклот кој се натпреварува на трката Suzuka 8 Hour, а целата заштита околу мотоциклот изгледа како да е рачно правена.

Овој модел ја има истата 2006 Fireblade единица која можеме да ја најдеме и кај претходната верзија на CB1000R со таа разлика што бројот на вртежи сега изнесува 11,500rpm, моќноста е зголемена на 143 коњски сили, а моторот е многу по агилен помеѓу 6 и 8 илјади вртежи во минута.

Помал во споредба со претходните верзии, позицијата на седење кај овој мотоцикл е многу природна и има доволно простор дури и за повисоките возачи. Седиштето е комфорно, но после неколку часа станува помалку неудобно.

Управувањето е прецизно без разлика колку брзо возите, OE Bridgestone BT-021 пневматиците имаат одличен контакт со површината, а предните сопирачки имаат одлично чувство и доволно е само малку да ги притиснете и мотоциклот да запре.

Има три сетинзи на возење, дожд, стандардни и спортски. Исто така електрониката можете и да ја прилагодите според вашите потреби. Тука се секако и ABS сопирачките. Ниту една од помошните работи на овој мотоцикл нема да ви пречат додека возите но тие ќе бидат тука доколку имате потреба од нив.

Две CB1000R верзии

CB1000R доаѓа во две верзии: Основна верзија по цена од 13.990 евра и CB1000RA со цена од 14990 евра кој е изложен во салонот на Хонда на Макпетрол.

Повеќе информации за CB1000R

Цена: 13.990/14.990 евра

Мотор: 998cc 16v inline four

Рамка: Tubular steel backbone

Висина на седиштето: 830mm

Суспензија: Целосно прилагодлива 43mm Showa Big Piston вилушка и единечен заден амортизер.

Предни сопирачки: 2 x 310mm предни дискови опремени со Tokico радијални клипови. 256mm заден диск опремен со единечен клип.

Боја:Сребрена, Црна и Црвена

Достапен: Мај 2018

Моќност: 143bhp@10,500rpm

Број на вртежи: 77ftlb@8250rpm>

Тежина: 212кг

Резервоар: 16.2 литри

Откако досега неколкупати го најавуваше Neo Sports Café концептот, Honda конечно го претстави CB1000R. Стилот е радикален и наместо агресивен сега тој повеќе е модернистички. CB1000R има нов Fireblade мотор кој обезбедува 16 % поголема моќност и 5% повеќе број на вртежи. За покусо време можете да развиете брзина од 90 километри на час, а како и што се очекуваше, тој има и нов издув. Тој има целосно нов ride by wire систем опремен со три режими на возење, а како надополнување можете и да го прилагодите според вашите потреби.

Она што треба да го скроти овој ѕвер е новата челична шасија како и Showa суспензијата со чија што помош тежината на мотоциклот се намали за 12 килограми. Во споредба со моделот Blade, растојанието помеѓу оските е подолго што го прави мотоциклот по стабилен. Спецификациите се надополнети и со радијалните предни сопирачки, ABS како и поголемо задно тркало. 

CB300R

За оние возачи кои сакаат нешто повеќе од 125, голем чекор ќе преставува преминувањето на CB1000R. Затоа од компанијата го дизајнираа CB300R. Покрај тоа што го имитира стилот на голем мотоцикл, оваа верзија има добри компоненти меѓу кои се 41mm USD вилушка, радијални предни сопирачки, LCD екран, LED светла и ABS сопирачки кои се базираат на IMU.

CB300R

286cc single

30.9bhp @ 8500rpm

799mm висина на седиштето

143кг тежина

CB125R

Соголените 125 модели се одлични за почеток но освен KTM Duke нема некој модел кој може да ви го привлече вниманието. Но од Honda велат дека новиот 125 има доволно моќност за да ве заинтерсира.Тој има 41mm USD вилушка како и радијални предни сопирачки, LCD екран и LED светла.

CB125R

125cc single

13.1bhp @ 10,000rpm

816mm висина на седиштето

126кг тежина

Повеќе детали за моделите на Хонда можете да добиете во салонот кој е лоциран на бул. Илинденска во Скопје (тел. 02/3296-106)

Back To Top