Новата, црна, верзија е многу повеќе отколку само промена на бојата. Покрај фантастичната функција за контрола на возењето, главните промени кај овој мотоцикл се во предниот дел.

Моделот на Triumph, Bobber, е нивниот најпродаван модел досега и се наоѓа на листата на 10 најпродавани мотоцикли во Велика Британија. Новата, црна, верзија е многу повеќе отколку само промена на бојата. Покрај фантастичната функција за контрола на возењето, главните промени кај овој мотоцикл се во предниот дел. Досегашната 41mm KYB предна вилушка е заменета 47mm Showa вилушка. Иако се уште им недостасува прилагодливост, тие нудат подобри перформанси. Помал е и бандажот чии димензии сега изнесуваат 16 инчи, а значително подобрен и е системот за сопирање. Тој сега има двојни, 310mm дискови и посилни и поконзистентни Brembo клипови (другата верзија има единечен диск и Nissin двоен клип). Кај темната верзија исто така е подобрено и светлото и моделот сега има LED предно светло кое доаѓа како стандарден дел.

Bonneville Bobber Black 03

Темната боја е застапена и на издувот, држачите за нозе, сопирачките, кумплугот, седиштето, оклопот на моторот како и кај предниот и заден бандаж.  Исто така темно е обоен и новиот систем за контрола на возењето. Останатите делови се исти како и кај класичниот Bobber модел. 

Во моментов се уште не е позната неговата цена но очекуваме таа да биде за 10 до 15 % поската отколку кај Bobber чијашто цена изнесува 11800 евра.

Технички спецификации:

Мотор: 1200cc liquid-cooled 8v parallel-twin

Моќност: 76bhp @ 6100rpm

Број на вртежи: 78ftlb @ 4000rpm

Челична рамка

Висина на седиштето: 690 mm

Суспензија: Напред: Неприлагодлива 47mm Showa вилушка. Назад: Неприлагодлив KYB monoshock

Сопирачки: Напред: Двојни 310mm дискови и Brembo клипови. Назад: Единечен 255mm диск и единечен Nissin клип

Резервоар: 9.1 литар

Тежина: 237.5 килограми

Back To Top