Мотоцикли

Претставен Moto Morini Corsaro 1200 ZZ

За многу производители, 2017 е година исполнета со предизвици. Со воведувањето на Еуро 4 стандардот, на компаниите им останаа само два избора: да ги променат моторите и со тоа да го продолжат животниот век на производите или да дизајнираат нешто сосем ново.

Следете нè на:

 

За многу производители, 2017 е година исполнета со предизвици. Со воведувањето на Еуро 4 стандардот, на компаниите им останаа само два избора: да ги променат моторите и со тоа да го продолжат животниот век на производите или да дизајнираат нешто сосем ново. Италијанската компанија Moto Morini се одлучи за втората опција, а крајниот резултат е Corsaro 1200 ZZ. Од компанијата велат дека успеале да задржат едно нешто: „Нескротливата, фуриозна и бестрашна душа на мотоциклот.“ Звучи интересно.

Corsaro ZZ 1

Домашно производство

Мотоциклот има 1200cc V-twin мотор кој има 137bhp и 92ftlb број на вртежи. И покрај тоа што 1187cc Bialbero Corsa Corta моторот прв пат дебитираше во 2005 година, од Moto Morini велат дека успеале да го прилагодат на Еуро 4 стандардот без да го загуби својот карактер. За ова помогна и новиот Zard издувен систем кој не само што помага во намалување на штетните гасови и на бучавата туку исто така ја намалува и потрошувачката на гориво.

corsaro zz 2

Il Tricolore

Од компанјата велат дека сакале мотоциклот да ги задржи италијанските карактеристики и освен неколку исклучоци (германскиот Bosch 9MP ABS систем) тој е целосно италијански. Моторот е произведен во Тревизо, а прилагодливиот преден дел на мотоциклот доаѓа од Болоња. Радијалните Brembo клипови како и пневматиците, Pirelli Diablo Rosso III, се исто така италијански.

corsaro zz 3

Како да купите ваков мотоцикл? Секој Morini е уникатен и сите нарачки во моментов одат преку компанијата. Потоа тие го прават мотоциклот точно според вашите спецификации. Пред да ви го испорачаат ќе морате да го одобрите за да нема никакви проблеми подоцна. Неговата цена изнесува 19,900 евра но барем можете да бидете сигурни дека никој друг нема да има ист таков мотоцикл.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!