Мотоцикли

Претставен BMW „Concept Ninety“

Со цел дополнително да го прослават својот 90-ти роденден, BMW Motorrad се појавија на неодамнешните Concorso d’Eleganza во Villa d’Este-кој се одржаа овој викенд во Чернобио, Италија-со нов мотоцикл, именуван како Concept Ninety.

Следете нè на:

 

big 1-bmw-concept-ninety-1Новиот „Concept Ninety“ од BMW

Со цел дополнително да го прослават својот 90-ти роденден, BMW Motorrad се појавија на неодамнешните Concorso d’Eleganza во Villa d’Este-кој се одржаа овој викенд во Чернобио, Италија-со нов мотоцикл, именуван како Concept Ninety.

Покрај деведесетиот роденден на Баварската компанија,оваа година исто така претставува и 40 годишнина на историскиот модел R 90. Тоа е и причината поради која BMW одлучи новиот моторцикл да го направи врз основа на тој модел.

Линиите на BMW „Concept Ninety„, пред се за маската, резервоарот и седиштето, се слични како кај неговиот предок. Горната каросерија- рачно направена од алуминиум-е визуелно одделена од црниот мотор и шасијата. Новиот „Concept Ninety„, наместо халогенското светло кое го имаше кај R 90, има современо LED светло.

big 2-bmw-concept-ninety-31

 Многу од високо квалитетните делови на BMW концепт 90 доаѓаат од Roland Sands Design,кои успеаа да имплементираат некои елементи само за овој модел.Меѓу нив се: капак на вентилите,целиот издувен систем,сопирачки и контрола на квачилото, филтерот за воздух под седиштето и бандашите. Прочитајте ги коментарите на луѓето кои се одговорни за создавањето на ова ремек дело.

Еве што имаше да каже Роналд Сандс за неговата поврзаност со шармантниот BMW концепт 90

„За мене беше важно да ја претставам специјалната порака која ја направи BMW R 90 преку употреба на уникатни делови,соединување на емоционален дизајн со најнова технологија. Се се вклопува совршено.  Технологијата на BMW, неговото наследство и нашите рачно изработени делови, прекрасно се надополнуваат еден со друг.“

big bmw-concept-ninety-19

Едгар Хајнрих, раководител на BMW Motorrad дизајн, додаде:

„BMW R 90 потекнува од ера во која моторциклистите беа сметани за одметници. Имаше нешто бунтовно во врска со тоа, беше брзо, гласно и диво. Чиста емоција. BMW „Concept Ninety“ е чисто уживање во секој поглед. Тој е неверојатна машина, исто како што беше и R 90 во своето време.“

 

Би можело да ве интересира

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.