22
Пет, Сеп
Мотоцикли

Објавени првите слики од MV Agusta Turismo Veloce Lusso RC 2017

Всушност, сликите намерно беа пуштени во јавноста со цел да се направи поголема фама пред шоуто EICMA каде моделот треба и официјално да биде претставен на публиката. Ова се првите слики од 2017 MV Agusta Turismo Veloce Lusso и RC верзиите.

Следете нè на:

 

Всушност, сликите намерно беа пуштени во јавноста со цел да се направи поголема фама пред шоуто EICMA каде моделот треба и официјално да биде претставен на публиката. Ова се првите слики од 2017 MV Agusta Turismo Veloce Lusso и RC верзиите.

2017 mv agusta turismo veloce lusso rc leaks before launch 1

Како што веќе и претпоставувавте, нема детални информации за новиот „Turismo Veloce“ но можеме да очекуваме тој да го има истиот три-цилиндричен, 798cc мотор кој може да произведе 110 коњски сили при 10,000 вртежи во минута.

Секако, тој ќе биде модификуван за да ги исполни Euro 4 правилата, а може да очекувате нови ECU додатоци и нов конвертор. Меѓу останатите новитети се вклучени полу активната предна и задна „Sachs“ суспензија и контрола на тракцијата која има три нивоа: туристички, спортски и за дожд. Новата RC верзија е обоена со црвена, бела и зелена боја. И двата модели официјално ќе бидат претставени на EICMA самот во Милано на кој ќе присуствуваме. Очекувајте наскоро и повеќе детали за двата модели.

2017 mv agusta turismo veloce lusso rc leaks before launch 112373 1

Моделите „Turismo Veloce “ се појавија на пазарот пред две години. MV Agusta одлучи на возачите да им понуди модел кој има одлични перформанси, италијански стил, ексклузивност и удобност при долги патувања.

Овој мотоцикл потекнува од Brutale 800 но има голем број на нови додатоци. Додатокот „Lusso“, кој во превод значи луксузен, ги претставува сите оние хај тек додатоци кои ќе ви помогнат возењето да биде што попријатно.

comments

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

По минатогодишната успешна организација на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”,Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Возачите кои имаат постари мотоцикли знаат дека е многу тешко да се дојде до добри пневматици наменети за возење на тркачка патека бидејќи димензиите на бандашите на класините мотоцикли се различни со димензиите на добрите, модерни, тркачки пневматици.

Јохан Зарко вели дека целта му е освојување на место на подиумот на претпоследната трка која се вози во Европа за оваа сезона.

Мото клубот Вардар слави 39 години од своето формирање.

Валентно Роси одлучи дека ќе настапи на претстојната МотоГП трка во Арагон.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!