На овогодинешното мото шоу EICMA, свое деби имаше и 2017 Ducati Multistrada 950. Овој модел има мотор со зафатнина од 937cc, а истиот тој може да се најде и кај Hypermotard 939 и Ducati SuperSport и има моќност од 113 коњски сили.

На овогодинешното мото шоу EICMA, свое деби имаше и 2017 Ducati Multistrada 950. Овој модел има мотор со зафатнина од 937cc, а истиот тој може да се најде и кај Hypermotard 939 и Ducati SuperSport и има моќност од 113 коњски сили.

Во однос на дизајнот, овој мотоцикл има позајмено делови од актуелните Multistrada 1200 и Multistrada 1200 Enduro, а неговата намена е да биде лесно достапен авантуристички мотоцикл за поголем опсег на возачи.

2017 Ducati Multistrada 950 23

Ducati Multistrada 950 има 19 инчни тркала како и двојна, задна вилушка. Моделот има четири верзии: Sport, Enduro, Touring и Urban. Секоја верзија вклучува посебни додатоци кои одговараат за неа како што се штитник за моторот или пак торби за опрема.

Иако 2017 Ducati Multistrada 950 е помал во однос на остатаните мотоцикли од истата линија, тој може да ја промени својата големина, има четири нивоа на возење, ABS сопирачки и контрола на тракцијата.

Во споредба со Multistrada 1200, Multistrada 950 има неколку работи кои недостигаат. Тоа значи дека овој мотоцикл не само што е поевтин во однос на останатите модели туку и постои голема веројатност да им се допадне на оние возачи кои сакаат помалку електроника на својот мотоцикл.

Тежина на новите модели изнесува 226 килограми, а тие ќе бидат достапни од jануари 2017 година.

Back To Top