Новиот скутер од Хонда наречен Vision 50 беше создаден со цел да понуди доверлив, забавен и мобилен скутер за ниска цена. Наменет за секојдневна употреба од различни профили на луѓе, тој нуди издржливост, безбедност и лесно управување на кое може да му позавиди секој скутер.

vision50-1

Со мотор кој има ефикасно електронско вбризгување на бензинот, стабилна и лесна шасија, скутерот го користи и напредниот систем за кочење на Хонда наречен CBS (Honda's Combined Braking System), а вклучува и навистина голем простор за багаж. Vision 50 е паметен избор на секој кој сака да заштеди време и пари при секојдневниот превоз.

Штедењето на пари се однесува на економичниот едно-цилиндричен, четворотактен агрегат кој троши неверојатни 1.6 литри на 100 километри! Доколку се земе во обзир дека резервоарот е со капацитет од 5.5 литри, со едно полнење можете да поминете 285 километри. Доколку економичноста не е она што ве заинтересира, погледнете го големиот простор за багажот, а тука се и електричниот стартер, стилизираната инструмент табла и ергономската поставеност на седиштето за целосно задоволство.

Vision 50 е направен благодарение на богатото искуство на Хонда со скутерите. Првиот Хонда скутер е направен во далечната 1954 година, бил наречен Juno K, за четири години подоцна да биде заменет со легендарниот Super Cub (кај нас познат и под името Папаки). Со повеќе од 60 милиони произведени скутери, Super Cub е најпродаваниот скутер во светот.

Цената на скутерот во салонот на Хонда изнесува 1990 евра.

Back To Top