motori piaggio-eicma-17Пијаџо ја претстави новата Vespa 946 на саемот „EICMA“ во Милано, скутерот беше дел од промоцијата на Пијаџо групацијата, заедно со неколку нови модели на Aprilia и Moto Guzzi.

piaggio-eicma-17{gallery}vespa946eicma{/gallery}

Пијаџо ја претстави новата Vespa 946 на саемот „EICMA“ во Милано, скутерот беше дел од промоцијата на Пијаџо групацијата, заедно со неколку нови модели на Aprilia и Moto Guzzi.

Новата Vespa ги плени сите присутни со својот изглед и  со право беше ѕвезда на вечерта. Префинетиот изглед е продолжение на италијанската класика, откако пред крајот на сезоната ги најавија новите 3V агрегати, дизајнерите ги засукаа ракавите со цел изгледот да му парира на успешниот агрегат.

Новата Веспа ќе биде достапна во две варијанти, четворотактен мотор со еден цилиндар, зафатнина од 125 и 150цц, три вентили и директно вбризгување на бензинот. Како и кај претходните модели ладењето останува воздушно, а новина е и рамот. Моделот 946 доаѓа со моно задна вилушка, единечен диск напред, но за оние со посебни барања ќе биде достапна верзија со ABS и систем против пролизгување.

Предното светло е поставено на самите рачки, и целосно се вклопува во новиот изглед со повеќе вентилирачки отвори, како и футуристичкото седиште кое само го надополнува прекрасниот изглед. Новиот модел се очекува да излезе на пазарот на почетокот од 2013-та, а ќе биде достапна во бела, црна и жолта боја.

За крај, цената, иако не е официјална, се шпекулира со бројка од 7.900 евра која доколку се оствари Vespa 946 ќе остане само убав спомен од саемот во Милано. Увозник на целата гама на Пијаџо е Динамикс.

Back To Top