motori cbr600rr-eicma-4На саемот „EICMA“ во Милано Хонда ги претстави новите модели за 2013. Иако најмногу внимание им беше посветено на новите модели со агрегати од 500цц, на штандот на Хонда блесна и новиот CBR600RR.

cbr600rr-eicma-4 

На саемот „EICMA“ во Милано Хонда ги претстави новите модели за 2013. Иако најмногу внимание им беше посветено на новите модели со агрегати од 500цц, на штандот на Хонда блесна и новиот CBR600RR.

cbr600rr-eicma-2

Видно изменетата предница е она што прво паѓа во очи, еден од оние моменти за кои е излишно да се коментира, или ви се допаѓа, или не. Нам ни изгледа поразлично од она на што сме навикнати кај CBR600RR, кај „HRC“ верзијата разликата од претходниот модел е потенцирана, додека кај „Repsol“ заради боите предната маска наликува на својот претходник.

cbr600rr-eicma-1

Задницата е карактеристична од времето на CBR1000RR, моделот кој се произведуваше до 2007-ма година, кој иако изгледа подобро од оној на следниот модел, сепак е застарен. На „HRC“ шарата забележителна е традиционалната црна боја на рамот и сребрена за задната вилушка која изгледа многу подобро кај „Repsol“ верзијата на која боите се исти. Деталите ја подобруваат сликата, па така забележителни се повеќе карбонски делови (предниот и задниот браник, штитниците на издувите...).

cbr600rr-eicma-3

Техничките карактеристики се во полза на новиот модел. Изменетата предница го намалува триењето на воздухот за 6%, а предната вилушка на „Showa“ од 41мм ќе помогне за одлична контрола и стабилност на новиот мотор. Впрочем целиот акцент на новиот модел е ставен на шасијата, па не е ни чудно што нема промени во агрегатот. Направена е промена на инјекторите за гориво и вграден е новиот систем „PGM-DSFI“ како и нови мапи за компјутерот, но самиот агрегат е задржан од претходниот модел. Новата Хонда е олеснета во однос на претходната, а забележлив детал се и новите бандажи, исти како оние кои минатата година дебитираа на моделот CBR1000RR.

Новите модели на Хонда ќе пристигнат во салонот на Макпетрол кон крајот на февруари/почетокот на март следната година, цената за новата Honda CBR600RR изнесува 11.990 евра, а моделот со АБС ќе чини 12.990 евра.

Back To Top