Кој го утна кецот? Пред една недела беше соопштена цена од „само“ 34.900 евра, за сега Дукати да ја соопшти новата цена за својот тркач.

panigale-rs13

Кој го утна кецот? Пред една недела беше соопштена цена од „само“ 34.900 евра, за сега Дукати да ја соопшти новата цена за својот тркач.

Новиот тркачки мотор на Ducati, Panigale RS13, кој беше промовиран кон крајот на минатата година на саемот EICMA во Милано на кој присуствувавме, ја доби својата нова цена. Ducati Panigale RS13 ќе ве чини 134.000 евра!

Овој неверојатен ѕвер е дизајниран да биде користен за тркање и е наменет исклучиво за тркачки тимови, како почетна точка за професионален моторцикл за натпреварување. Овој мотор не може да си го дозволи обичниот човек-особено откако ќе дознаете дека од моторот се извадени поголем дел од работите што ви се потребни за легално да го возите моторот на улица. Исто така мора да бидете и акредитиран тркачки тим за да можете да го купите.

panigale-2

Тој е прифатлив за повеќето светски супербајк тимови, а неговата цел е да служи како основа за понатамошен развој на тркачките мотори. RS13 е дизајниран да биде идеална почетна точка на програмата за развој (што значи дека трошоците нема да прекинат штом ќе го купите)

За жал, обичните потрошувачи ќе мора да се задоволат со Panigale 1199 S. Сигурно ќе се согласите дека тоа и не е толку лош компромис...

Back To Top