Мотоцикли

Нов екстра спортски Ducati Diavel

Новиот Ducati Diavel S spied има нов мотор, рамка, задна вилушка, Öhlins суспензија и подобра електроника

Следете нè на:

 

Кога Ducati го претстави Diavel  во 2010 година, бевме воодушевени од лудата комбинација на крузер кој има спортско управување и супербајк мотор. Сега имаме фотографии кои ни откриваат дека Ducati работи на комплетно нов мотоцикл.

Ducati Diavel S 3

Поголема моќност

Кога го гледаме страничниот дел од мотоциклот, очигледно е дека има промени кај моторот. Иако е камуфлиран, можеме да забележиме дека челичните рамки се променети а линијата по која се движат издувните гасови многу повеќе личи на X Diavel отколку на актуелниот модел. Сето ова ни укажува дека Diavel добива 1262cc Variable Valve Timing Testastretta од моделот X Diavel. Моќноста и бројот на вртежи остануваат речиси непроменети но мотоциклот сепак ќе претрпи одредени промени со кои ќе се исполни стандардот за емисија на штетни гасови. А со поголема моќност доаѓа и поголема одговорност и затоа можеме да претпоставиме дека тоа нема да биде единствената промена.

Ducati Diavel S 1

Актуелниот Diavel има основна електроника (контрола на тракцијата и ABS) но со новиот мотор очекуваме дека ќе биде преземена и X Diavel електрониката која вклучува контрола на тракцијата која се базира на IMU, нови режими на возење, а промени ќе има и кај ABS сопирачките. Имаше и прашања околу тоа дали следната верзија на Diavel би можела да го земе V4 моторот кој го има кај новиот Pangiale, но сепак извршниот директор на компанијата, Клаудио Доменикале, сугерираше дека Multistrada ќе добие сосема нов мотор, а и овие фотографии ни го потврдуваат тоа.

Ducati Diavel S 4

 Нова суспензија

Што доаѓа заедно со нова рамка и нов мотор? Секако дека тоа е целосно нова суспензија. Во моментов има три различни Diavel модели плус два X Diavel. Но дури и скапите специјални изданија имаат Marzocchi суспензија. Овој нов модел ќе дојде со нова, прилагодлива Öhlins суспензија напред и позади. Ова би требало да го подобри квалитетот на возење како и да ги зајакне спортските квалификации на Diavel. Дури и може да има специјална верзија која ќе биде опремена со електронска, полу-активна суспензија.

Очекуваме Ducati официјално да го претстави овој модел на EICMA мото шоуто во ноември, а производството најверојатно ќе почне во 2019 година. Под претпоставка дека нема да има промени кај останатите спецификации, очекуваме новиот Diavel S да има цена од околу 20.000 евра во Динамикс, увозникот на Дукати за Македонија.

Ducati Diavel S 6

Би можело да ве интересира

We, The Riders - Ние возачите, сме возачи од целиот свет. Имаме различни професии и изгледаме различно. Но имаме едно нешто кое не обединува:  Радоста додека возиме.

Скот Рединг се извини за забелешките кои ги упати кон Aprilia по завршувањето на Австриската Гран При трка, а во кои зборуваше за недостатокот од развој и прогрес на RS-GP машината.

Можеби изгледа како застрашувачка визија за иднината, но роботот на Акрапович му овозможува на Словенечкиот специјалист за издуви да ги тестира своите производи на еден високо технолошки начин.

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!