Мотоцикли

MV Agusta вели дека ќе има нов четири цилиндричен мотоцикл во 2018 година

И порано MV Agusta ни споделуваше вакви информации, но после денешното соопштение, приказната дека MV Agusta ќе лансира нова четири цилиндрична платформа во 2018 година се чини дека е веродостојна.

Следете нè на:

 

Вакво нешто очекувавме уште од овогодинешното издание на EICMA кога извршниот директор на компанијата, Џовани Кастилиони, ни најави во блиска иднина да очекуваме четири цилиндричен Brutale со зафатнина од 1,200cc.

Ова го зборуваме бидејќи „нејкед“ улични мотоцикли се најпродавани модели на MV Agusta и затоа можеме да очекуваме новиот Brutale да добие предност во однос на F4 superbike моделот.

2012 MV Agusta Brutale RR 1090 03

Оваа вест нема да им се допадне на тркачките фанови кои се надеваа дека наскоро ќе видат нова, супербајк платформа, со оглед на тоа дека MV Agusta Reparto Corse Супербајк тимот го достигна лимитот во развојот кај актуелниот F4 пакет. Тоа беше и главната причина поради која Леон Камиер одлучи да премине во тимот на Honda.

Се чини дека во сезоната 2018 во Светскиот Супербајк шампионат MV Agusta ќе настапува со актуелниот F4, а големи се шансите така да биде и во сезоната 2019. А во меѓувреме, во текот на следната година можеме да го очекуваме MV Agusta Brutale 1200. Исто така можеме да очекуваме и дека 1,200cc, четири цилиндричната платформа ќе биде основа за сите идни модели.

Откако се зацврсти сопственичката структура кај MV Agusta, Италијанскиот бренд се чини дека е подготвен за понатамошниот развој.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Денешните квалификации во Тајланд го однесоа Марк Маркез на нова пол позиција.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.