23
Чет, Фев
Мотоцикли

MV Agusta Turismo Veloce 800 [слики + видео]

Се работи за спорт-туринг модел со високо седење и цврсти куфери кој ќе го носи агрегатот со зафатнина од 800цц и три цилиндри, а ќе се вика MV Agusta Turismo Veloce 800.

Следете нè на:

 

mv-agusta-turismo-veloce-800-teaser-08MV Agusta Turismo Veloce 800 2014

На само неколку дена пред стартот на саемот за мотоцикли EICMA во Милано, MV Agusta е првиот од големите производители на мотори кој реши да го прикаже новиот модел. Се работи за спорт-туринг модел со високо седење и цврсти куфери кој ќе го носи агрегатот со зафатнина од 800цц и три цилиндри, а ќе се вика MV Agusta Turismo Veloce 800.

Пред нас се фотографии и видео кои треба да го најават новиот модел, без притоа да го видиме целиот, но она што е јасно е дека Veloce ќе го има издувот со три цевки кој е карактеристичен MV Agusta F3, потоа тука се рачките и жмигавците од MV Agusta Rivale, Sachs полу-активна суспензија, ЛЕД светла... и да не должиме, погледнете ги видеата и сликите, и стрпете се до понеделник, започнува EICMA.

 

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!