MV Agusta денеска ги објавија првите слики и информации од Brutale Corsa, ултра рафинираната верзија кој со цена од 20.990 евра се најде на врвот кај легендарниот производител.

2013-mv-agusta-brutale-corsa

Новата MV Agusta Brutale Corsa излезе во јавноста

MV Agusta денеска ги објавија првите слики и информации од Brutale Corsa, ултра рафинираната верзија кој со препорачана цена од 20.990 евра се најде на врвот кај легендарниот производител.

Мотоциклот го има веќе познатиот 4 тактен мотор со зафатнина од 1078cc и 16 вентили кој развива 158кс и 100 NM. Исто така ќе го препознаете и по црвено-белата боја и по одличниот квалитет на неговите делови. Инжинерите на MV Agusta посветија големо внимание на деталите: 17 инчни лесни, лиени бандажи и прилагодлива Öhlins вилушка која ќе ја подобри динамиката на возење.

Во однос на естетиката, рамот на Brutale Corsa е обоен со црна боја. Исто така и заштитната облога околу резервоарот е специјално дизајнирана за овој модел. На браниците -кои се направени од јаглеродни влакна- се наоѓа логото на MV Agusta Corse. Сега само треба да почекаме повеќе официјални фотографии.

Back To Top