Мотоцикли

Mountain Indian Bagger за вистинско уживеање во текот на празниците

Овој мотоцикл беше создаден од страна на Маркус Красер. Најпрво беше „Chiev Vintage“,  а како што постепено се развиваше, на крајот неговиот изглед комплетно се промени.

Следете нè на:

 

Ако мислевте дека Indian мотоциклите не се погодни за екстремни промени, погледнете го само овој мотоцикл.

Мајкл вели дека мотоциклот го направил за сопственикот на музејот „Top Mountain Motorcycle“ и додава дека тој слободно може да се вози на улица и покрај неговиот исклучителен изглед.

top mountain indian bagger is eye candy for the holiday season 6

Најтешкиот дел од изградбата на мотоциклот било како да се искомбинира старото со новото, а исто така да се вклучат и елементи од музејот.

„Ова го постигнавме преку бојата, www.airvolution.at, кои се едни од најдобрите во Европа,“ изјави Маркус. „Она што можете да го видите на мотоциклот се слики од внатрешноста на музејот. Таму има околу 250 мотоцикли, почнувајќи од 1894 година па се досега, вклучувајќи и 25 постари модели на Indian.“

Во основа, речиси целиот мотоцикл е изработен рачно, освен резервоарот за гориво и задното светло, кои беа позајмени од „Victory Hammer“. Исто така и издувот е специјално дизајниран и тој излегува од средина на овој мотоцикл, нешто што не се гледа често кај уличните мотоцикли.

Мотоциклот ќе остане дел од музејот во текот на зимата, а напролет, неговиот горд сопственик, вели дека ќе почне и да го вози.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.