Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Сепак, возењето и оддржувањето на машина која потекнува од почетокот на минатиот век е прилично тешка работа но затоа тука е „The Black Douglas“ мото компанијата за да ви помогне.

ride like a true hipster on this new retro sterling bikes 114672 1

Италијанската компанија е специјализирана за создавање на мотоцикли кои го имаат стилот и карактеристиките на првите превозни средства на две тркала. Моментално во понудата имаат еден модел, Sterling Countryman Deluxe, кој има неколку нивоа на опременост.

Сите мотоцикли се 90 проценти рачно изработени што пак ја објаснува нивната висока цена. Стандардниот Original Drayton модел има цена од 9,882 евра и има 125cc четири тактен, едно цилиндричен мотор кој може да произведе 13 коњски сили. За само 1000 евра повеќе можете да ја добиете верзијата која има 230cc која може да произведе 14 коњски сили.

ride like a true hipster on this new retro sterling bikes 5

Доколку пак сакате мотоциклот да биде опремен со странични куфери, полиран издув, поинакви рачки и уште неколку други додатоци, тогаш мотоциклот ќе ве чини повеќе од 12,000 евра.

Но, ајде да кажеме дека сте подготвени да потрошите толку пари на нешто што личи на велосипед со мотор. Не заборавајте дека ќе треба да доплатите за да го увезете овој мотоцикл бидејќи тој може да се најде само кај одредени дилери во Франција, Германија, Италија, Швајцарија и Англија.

Back To Top