Никој не беше фан на новите Euro 4 регулации, но тоа значи дека следната година не очекуваат голем број на нови мотоцикли.

2017 година ќе биде тешка година за да се следи, но сепак производителите повторно успеаа да ги надминат очекувањата откако ги објавија дел од машините за кои мора да признаеме дека се фантастични.

Ducati Panigale V4

Во 2018 нема да има голем број на нови спортски мотоцикли но сепак Ducati ќе не почести со нов Panigale V4. Сум ги возел сите V-twin Panigale модели на тркачка патека и слободно можам да кажам дека се одлични. Се сомневам дека некои од неговите ривали ќе успеат да му се приближат, како на тркачките патеки така и на улица.

eicma 2017 1 107

Kawasaki H2 SX

Новиот H2 SX, би требало да преставува значајна промена за компанијата. Во духот на стариот ZZ-R, тој ветува дека ќе биде одличен туринг мотоцикл. Позицијата на возење е навистина удобна, а ветробранското стакло е доволно големо за да ве заштити. Покрај тоа има голем број на електронски додатоци кои ветуваат дека овој модел сигурно ќе биде еден од мотоциклите на годината.

eicma 2017 1 80

Honda Gold Wing

Навистина сум возбуден поради новата Honda Gold Wing. Тој не ми е омилен мотоцикл и е прилично стар, но секогаш сме среќни кога возиме ваков мотоцикл и тоа мора да се почитува. Нема да ве оптеретувам со детали, но верувајте дека овој мотоцикл ќе ви понуди максимална луксузност.

eicma 2017 2 131

Kawasaki Z900RS Café Racer

Навистина со нетрпение очекувам да го видам Kawasaki Z900RS Café Racer. Не ми се допаѓа премногу ретро стилот но сепак овој мотоцикл има нешто што го привлече моето внимание. Малиот екран и прекрасната зелена боја комбинирана со белите линии му дава посебен изглед на овој мотоцикл. Главниот тест возач на MCN, Мајкл Невс, веќе го проба стандардниот Z900RS и беше импресиониран.

eicma 2017 1 89 copy

KTM 790 Duke

Овој „parallel-twin” КТМ без сомнение е најдобриот мотоцикл кој ќе се појави во 2018 година според мене. Во 2012 година го тестирав 690 Duke и се заљубив во комбинацијата меѓу тежината на мотоциклот и неговата моќност. Очекувам 790 да биде уште подобар и попрактичен пред се поради поголемиот мотор.

duke 790 2018

BMW F850GS

Буквално, не можам да ја скријам насмевката поради овој мотоцикл. Во 2016 година, F800GS го смени моето мислење за мотоциклизмот на подобро и сега не можам да дочекам да се качам на него. Новиот F800GS има нов мотор, а со претходната верзија ја дели само неговата намена за оф роуд возење како и 21 инчното тркало. Подобрениот режим на возење, TFT екранот, суспензијата и шасија ветуваат забавно возење како на асфалт така и на оф роуд патека.

eicma 2017 1 42

Yamaha Niken

Без никакво сомневање, ова е мотоциклот за кој со нетрпение чекам да го слушнам првиот фидбек. И претходно имам возено вакви мотоцикли но ниту еден од нив не бил со толкава агилност и моќност како овој модел. Свесен сум дека ова е радикално отстапување од она што е вообичаено и дека сигурно ќе има лица на кои нема да им се допадне.

eicma 2017 2 248

KTM 790 Adventure

Знам дека нема да биде продукциски мотоцикл наскоро, но тој ќе се појави и навистина сум возбуден поради тоа. Уште од моментот кога за прв пат ги видив фотографиите од овој модел па се до прототип верзијата која се појави на EICMA 2017, ниту еден друг мотоцикл не ми го привлече вниманието толку многу колку KTM 790 Adventure.

ktm 790 adventure r

Ducati 959 Panigale Corse

И покрај целата возбуда околу новиот V4 Panigale, овој модел би можел да биде најсовршениот и балансиран Ducati.

ducati panigale 959 corse

Извор: MCN

Back To Top