Се појавија нови информации за авантуристичкиот модел V85 TT на Moto Guzzi, а според сликите што можеме да ги видиме на нивната интернет страна, се чини дека ова е конечната верзија.

Тој ќе има моќност од 80 коњски сили, малку повеќе од тоа што очекувавме да има 850cc V-twin моторот.

Една слика од таблата ни ги открива режимите на возење, можноста да се приклучи телефон, GPS. Засега сѐ уште не е позната неговата цена ниту пак кога ќе биде достапен на пазарот, но штом ќе дознаеме веднаш ќе ве информираме.

Moto Gallery 0

Претставен како концепт минатата година за време на EICMA во Милано, од компанијата тврдеа дека мотоциклот ќе биде комплетно нов и ќе го означи враќањето на компанијата во овој сегмент.

Од Guzzi велат за оваа машина дека е „Класичен Ендуро“, односно комбинација на оф-роуд можности и класичен Moto Guzzi дизајн. Иако не можеме тоа да го видиме на овие фотографии, сепак тој ги има карактеристичните двојни предни светла и резервоар.

moto gallery 4

Она што го држи новиот мотор е челична рамка која ќе работи заедно со асиметричната задна вилушка. Внатре ќе биде и амортизерот како и транасмисијата.

Од компанијата велат и дека сега ќе биде многу послено да се пристапи и да се прилагоди  системот на задната суспензија, а исто така ќе има и поголем простор за издувот. 

Конечната верзија на овој модел ќе ја видиме на саемот за мотори ЕИЦМА во Милано каде ќе добиеме и повеќе информации за него.

Back To Top