Тајванскиот производител Kymco претстави два концепт скутери на мото шоуто EICMA од кој еден е со три тркала.

Од компанијата и двата мотоцикли ги ставија во класата 'adventure tourers' иако немаат таков потенцијал со оглед на малите димензии на тркалата и гумите кои се наменети за улица. Моделот CV3 е со три тркала и личи на нешто помеѓу Piaggio MP3 и новата Yamaha Niken.

kymco koncept 2018 1

Минатиот месец, Kymco ни понуди едно промотивно видео, а ние веруваме дека и двата модели ќе бидат опремени со истиот 550cc parallel twin мотор кој го има кај AK550. Од компанијата се уште не ја потврдиле оваа информација но оттаму очекуваат новите модели да имаат поголема моќност од AK550.

Тие ќе имаат неколку додатоци меѓу кои се потпирачот за грб, седиште за сопатник, простор за багаж па дури и кров- нешто слично како кај  BMW C1.

„Концептот „C“ е уште една иновација од Kymco која следи по претставувањето на AK 550 и Noodoe IOT  системот,“ изјави Ален Ко, директор на групацијата KYMCO. „Серијата „C“ е воведена со концептот Kymco Multi-Fit за да се прошири разновидноста при секое патување без разлика дали сте сами или со сопатник. Сите додатоци можат да се стават дополнително по желба на возачот и се специјално дизајнирани за да ги задоволат сите потреби.“

Back To Top