Мотоцикли

KTM Duke 790 2018 со MotoGP технологија

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Следете нè на:

 

Сите сакаме нови и модерни работи. Во случајот на КТМ тоа е 2018 790 Duke, моќен мотоцикл кој има 105 коњски сили, 4 тактен parallel twin мотор кој компанијата го нарече „The Scalpel“. Но тука не сме поради неговата моќност. Тука сме да зборуваме за неговата прецизност при влегување во свиок и за сопирањето кое ни доаѓа благодарение на cornering ABS и launch control технологијата.

ktm 790 duke

Кај новиот Duke, КТМ нуди електроника која досега бешедостапна само кај мотоциклите на познатите возачи. Кога сопирате во свиок, внатрешната мерна единица(IMU) работи заедно со системот кој го спречува блокирањето на сопирачките. Заедно калкулираат оптимален притисок кој не дозволува тркалото да се лизне. Тој исто така се опоравува најбрзо што може во случај мотоциклот  да почне да ја губи тракцијата.

„Хоризонталната оска е поврзана со забрзувањето и забавувањето,“ вели Џерард Машл, одговорен за истражување и развој во КТМ. „Околу оваа оска се наоѓа круг и се додека сте внатре во него, вие сте безбедни.“

Токму тоа го обезбедуваат алгоритмите на KTM, со помош на компјутер да може да се корегира грешка на возачот или пак условите на патот. Најдобриот дел од сето ова? Нема потреба да знаете како сето тоа функционира. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Почекајте, има уште...

Сакате да забрзате? Постои и решение за да не го исправите мотоциклот на едно тркало. Доколку има разлика меѓу брзината на предното и задното тркало, веднаш реагираат сензорите на тркалото. Можеби ќе успеете малку да го кренете предното тркало но штом IMU системот процесира дека е кренато предното тркало ќе испрати порака и ќе се намали брзината.

На некои можеби нема да им се допаднат овие промени, но од КТМ велат дека со ова сакаат на возачите на им овозможат до максимум да го притиснат мотоцикл, а притоа да знаат дека тој се грижи за нивната безбедност.

Би можело да ве интересира

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.