Само уште еден ден до почетокот на големото мото шоу во Милано, а ние работиме напорно за први да ви обезбедиме информации за тоа какви мотоцикли не очекуваат во 2018 година. 

Делејќи ја платформата со KTM 790 Duke (уште еден мотоцикл кој очекуваме да го видиме во Милано) KTM 790 Adventure го користи истиот 800cc parallel-twin мотор како и помалиот модел на Duke. Но се чини дека тука и завршуваат сличностите меѓу нив.

KTM 790 Adventure prototype 02

KTM 790 Adventure е опремен со поголеми тркала ( 21″/18″), но исто така и шасијата изгледа поинаку, барем кога ќе се спореди со KTM 790 Duke прототипот. Но она што е интересно е колку само работи го опколуваат дво-цилиндричниот мотор, а чија цел е да го заштитат доколку доживеете некаков пад. Тој е многу пофокусиран за авантуристичко отколку за туринг возење.

KTM 790 Adventure prototype 01

Дизајниран за да ги крене влоговите во средната „adventure-touring“ класа, речиси и ни е жал за останатите Европски брендови кои планираат да прикажат слични модели за време на EICMA. Но треба да се напомене дека дизајнот тука го покажува само концептот, а не и продукциската верзија. Знаејќи го ова барем можеме на BMW, Ducati иTriumph да им дадеме една година пред на пазарот да се појави KTM 790 Adventure.

Очекуваме КТМ повеќе информации за овој модел да ни соопшти во текот на утрешниот ден, но сепак останете со нас за да ги дознаете најновите работи кои ќе бидат прикажани на EICMA саемот во Милано.

Back To Top