Мотоцикли

Kawasaki го претстави Ninja H2 SX

Кавасаки на саемот „ЕИЦМА“ во Милано го претстави новиот туринг модел Ninja H2 SX

Следете нè на:

 

Поминаа две години откако Kawasaki ни го претстави Ninja H2, популарниот „supercharged“ мотоцикл. Иако тогаш тоа беше главна вест, сепак целта на Kawasaki беше воведување на сериско производство на вакви мотори. А ова е првиот модел кој потекнува од тој проект. Главните букви кај овој мотоцикл се SX кои ја означуваат неговата туринг намена. Иако би било логично да очекуваме дека Kawasaki само направи мала промена на задната подрамка, сепак промените се многу поголеми.

kawa h2 sx 1Kawasaki Ninja H2 SX 2018

Шасијата е нова, а нов е и моторот па затоа слободно можете да очекувате и ново искуство при возењето. Преносот на моќта е исто така поблага сега. Моторот со зафатнина од 998cc може да произведе моќност од 207кс. Истовремено значително е подобрена емисијата на штетни гасови, а задржана е и истата потрошувачка на гориво. Ова му овозможува на SX беспрекорно да функционира со релативно помал резервоар, кој може да собере 19 литри, но со него се уште да може да се помине големо растојание.

Мотоциклот има електронска контрола на возењето како и KCMF (Kawasaki Cornering Management Function) кое го користи IMU за да ги надгледува перформансите на моторот и шасијата, ја модулира силата при сопирање и моќноста на моторот со цел да се постигне најдобрата транзиција од забрзувањето до сопирањето и обратно.

kawa h2 sx 1 2Ninja H2 SX SE

Едно изненадување е недостатокот на електронска суспензија. Но сепак, таа е целосно прилагодлива и на двете страни од мотоциклот. На пазарот на туринг мотоцикли има голема конкуренција и ќе биде интересно да видиме како некои од останатите модели ќе му конкурираат на SX.

Новиот SX доаѓа во две верзии, основна и SX SE. Разликите не се драматични, а без да ја знаеме цената на моделите, не можеме со сигурност да кажеме дали вреди да се доплати за SE верзијата. Најочигледна разлика која може на прв поглед да се забележи е разликата во шарата која ја имаат моделите. Верзијата SE доаѓа во таканаречена „garish Ninja“, а основната верзија доаѓа во црна боја. Друга забележлива разлика е пониското ветробранско стакло и пластика по страните на местата на кои SE моделот има светла. Но под целиот оклоп на мотоциклот го добивате истиот „supercharged“ мотор, шасија и 19 литарски резервоар. SX верзијата тежи 4 килограми помалку отколку SE но веројатно нема да забележите со оглед на тоа дека на разполагање имате 207кс.

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!