27
Вто, Јун
Мотоцикли

Honda RVF1000 V4 Супербајк за 2019?

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Следете нè на:

 

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Но се чини дека работите конечно почнаа да се развиваат, а Британскиот магазин вели дека Honda RC213V-S би можел да се најде во продавниците веќе од 2019 година и би имал прифатлива цена.

Nicolas Petit Honda VTR 1200 concept 02Концепт на Николас Петит за можниот изглед на новиот модел

Оваа информација се надополнува на веста што ја објавивме неодамна кога напишавме дека Honda работи на нов „Fireblade“ како и на V4 Супербајк проект.

Според MCN, последните патенти кои биле поднесени од страна на Honda но и според нивните извори од компанијата, мотоциклот би можел да биде готов за неколку години.

Ако можеме да заклучиме нешто од реакциите на новинарите за време на претставувањето на Honda CBR1000RR 2017, како и според резултатите кои ги покажа супербајк тимот на Honda Red Bull, од компанијата веројатно сфатиле дека малото подобрување на Fireblade нема да го оддржи мотоциклот релевантен во класата и дека е потребен нов пристап.

Иако има гласини дека Honda веќе подолго време размислува за оваа опција, фактот дека MCN вели дека мотоциклот ќе биде достапен во 2019 година може да значи дека тој се уште е во раната фаза на планирање, ако се земе во предвид  дека за еден мотоцикл да се појави на пазарот потребни се 3 до 5 години.

Иако супербајк ентузијастите ќе мора да почекаа за овој модел, во моментов можеме само да се надеваме дека RVF1000 ќе биде врвна машина. Веројатно ќе биде произведен во помала количина (помалку од 500 примероци) и ќе има цена од околу 40000 евра.

Иако сите работи не наведуваат на тоа да мислиме дека ќе добиеме поефтина верзија на Honda RC213V уличниот мотоцикл, кој има поевтини делови и масовно производство, сепак можеме да се надеваме дека инжињерите и дизајнерите од Honda ќе обезбедат нешто ново и уникатно на пазарот.

comments

Би можело да ве интересира

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!