23
Пет, Јун
Мотоцикли

Honda RC213V-S ќе чини 189.000 евра!

Прототипот RC213V-S кој Хонда го покажа на саемот „EICMA“ во Милано денеска беше претставен на јавноста како прв продукциски мотор кој ќе биде најблиското нешто до МотоГП мотоцикл.

Следете нè на:

 

Honda RC213V SHonda RC213V S

Прототипот RC213V-S кој Хонда го покажа на саемот „EICMA“ во Милано денеска беше претставен на јавноста како прв продукциски мотор кој ќе биде најблиското нешто до МотоГП мотоцикл.

Новата Хонда која ќе биде произведена во лимитирана серија до крајот на 2016 година, ќе развива 205кс на задното тркало (верзијата со кит, додека пак обичната развива 159кс на задното тркало), ќе има измена од МотоГП моторот во однос на амортизацијата, како и „seamless“ преносот кој нема да биде достапен. Направени се и измени од возачки аспект, па така заради потребите на патот аголот за кој се вртат рачките е зголемен од 15 на 26, направена е промена во издувот заради емисијата на гасови и додаден е штендер.

Screen Shot 2015 06 11 at 10.41.13

На страна од сето ова, како што изјави и Марк Маркез на самата презентација, „Ова е мотор кој можете да го возите на пат, а е најблиску до она што го возиме во МотоГП“. Иако бројките не се импресивни (како на пример кај новата Ninja H2R), Маркез потврди дека забрзувањето, кочењето, брзината и управувањето (се пофали и дека без проблем го спуштил лактот на асвалтот) се навистина одлични и дека и покрај тоа што го возел со гуми кои се за возење по улица тој го осеќал моторот како оној со кој го гледаме на патеките.

Screen Shot 2015 06 11 at 10.45.21

На претставувањето присуствуваше и Дани Педроса, кој иако немал прилика да го провози изјави дека моторот изгледа неверојатно и дека е еден од оние модели кои не ги гледате секој ден на улица, впрочем тој новата Хонда ја спореди со појавата на Ф1 болид на градска улица и притоа низ смеа додаде дека по пресот ќе праша дали може да добие еден за него.

За крај, оние кои ќе сакаат да бидат горди сопственици на новиот ѕвер од Хонда, ќе треба да бидат подготвени да одвојат 189.000 евра.

Model name RC213V RC213V-S RC213V-S (со кит)
Overall length (mm) 2,052 2100 【2100】
Overall width (mm) 645 790 770
Overall height (mm) 1,110 1120 【1120】
Wheelbase (mm) 1,435 1465 【1465】
Minimum ground clearance (mm) 115 120 【120】
Seat height (mm) - 830 【830】
Vehicle weight (kg) Over 158 (after racing) 170 (dry) 160 (dry)
Maximum number of riders 1 person 1 person 1 person
Minimum turning radius (m) - 3.7 6.4
Engine type Liquid-cooled 4-stroke, DOHC 4-valve V4 Liquid-cooled 4-stroke, DOHC 4-valve V4 Liquid-cooled 4-stroke, DOHC 4-valve V4
Total displacement (cm3) 999 999 999
Bore × Stroke (mm) - 81.0 × 48.5 81.0 × 48.5
Compression ratio - 13.0 13.0
Maximum output (kW[PS]/rpm) Over 175kW 117[159]/11000 Over 158[215]/13000
Maximum torque (N・m[kgf・m]/rpm) - 102[10.4]/10500 Over 118[12.1]/10500
Fuel supply - PGM-FI (Programmed fuel injection system) PGM-FI (Programmed fuel injection system)
Starter - Self Self
Ignition - Full transistor, battery ignition Full transistor, battery ignition
Fuel tank capacity (L) 20 16.3 16.3
Clutch - Dry multi-plate, coil sring Dry multi-plate, coil spring
Transmission - Constant mesh, 6-speed return Constant mesh, 6-speed return
Transmission gear ratio 1st - 2.125 2.125
2nd - 1.647 1.647
3rd - 1.368 1.368
4th - 1.217 1.217
5th - 1.100 1.100
6th - 1.032 1.032
Reduction gear ratio

(primary/secondary)

- 1.933/2.471 1.933/2.353~2.933
Caster angle (degrees) - 24.6 【24.6】
Trail (mm) - 105 【105】
Tire Front 16.5 120/70ZR17M/C 120/70ZR17M/C
Rear 16.5 190/55ZR17M/C 190/55ZR17M/C
Brake Front Hydraulic double disc Hydraulic double disc Hydraulic double disc
Rear Hydraulic disc Hydraulic disc Hydraulic disc
Suspension Front - Telescopic Telescopic
Rear - Pro-Link Pro-Link
Frame Diamond Diamond Diamond
comments

Би можело да ве интересира

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Популарноста на мотоциклот доаѓа од комбинацијата на пристојни перформанси, бројот на вртежи како и просторот за багаж. На тоа може да се додаде и неговата издржливост, квалитет како и атрактивната цена.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!