24
Пет, Мар
Мотоцикли

Honda PCX125 2017 доби LED светла и Euro 4 стандард

Honda PCX125 е најпродаваниот скутер на Honda од Европската линија и постојано се наоѓа на врвот на листите на продажба од 2013 година.

Следете нè на:

 

Honda PCX125 е најпродаваниот скутер на Honda од Европската линија и постојано се наоѓа на врвот на листите на продажба од 2013 година. Компанијата од Токио подготви интересен додаток за следната сезона, надевајќи се дека на така тој ќе биде уште попривлечен за потрошувачите.

За почеток, Honda мораше да го намали 124.9cc едно цилиндричниот SOHC мотор и да го направи во согласност со новиот Euro 4 стандард. Покрај тоа, тие мораа да се погрижат и дека моторот нема да загуби од својата моќност.

2017 honda pcx125 6Honda PCX125 2017

Моторот кој Honda го врати во употреба во 2012 година е сеуште добар за 12 коњски сили на 8,500 rpm и има максимален број на вртежи од 12Nm на 5000 вртежи во минута. Трансмисијата останува автоматска. PCX125 е лесен за возење дури и за лица кои немаат никакво искуство во светот на мотоциклите.

Следниот важен додаток е истовремено функционален и пријатен на изглед. Honda PCX125 сега доаѓа заедно со LED светла како стандарден додаток. Од компанијата се уште не ја соопштиле цената на овој скутер, но ако успеат да ја оддржат во рамките на претходните модели, овие скутери ќе бидат одличен избор.

2017 honda pcx125 2Honda PCX125 2017

Потрошувачката на гориво е исто така важен сегмент. Се шпекулира дека новиот скутер на Honda ќе троши 2.1 l/100 km. Сепак, Honda ќе треба дополнително да ја равие задната сопирачка со оглед на тоа дека моделот сеуште се испорачува со задна кочница со барабан. Замената на кочницата со единечен диск и клипче ниту е скапа ниту тешка работа, а компанијата е заинтересирана да употребува најнова технологија кај своите мотоцикли па сигурни сме дека следниот модел ќе дојде и со оваа надградба.

2017 honda pcx125 3Honda PCX125 2017

comments

Би можело да ве интересира

Во салонот на Динамикс во Скопје пристигнаа новите модели на Vespa и Piaggio.

Дани Педроса беше најбрзиот возач на Repsol Honda на официјалниот тест во Катар но сепак смета дека не може да се предвиди како ќе се одвива првата трка од новиот шампионат.

MotoGP светскиот шампион Марк Маркез има за цел да освои место на подиумот на првата трка од новиот шампионат

Возачот на Monster Tech 3 Yamaha, Јонас Фолгер, ги брои часовите до неговиот деби настап во MotoGP

Андреа Довициозо смета дека Маверик Вињалес е главниот возач кој треба да го победи доколку сака да го освои првото место на трката во Лосаил. 

Претставени минатата недела, новите пневматици на Continental, RoadAttack 3, се најновиот додаток на исклучително важниот спортско-туринг сектор кај пневматиците. Направени врз основа на RoadAttack 2 Evo, од компанијата тврдат дека новите пневматици се подобри на влажни услови во споредба со нивниот претходник.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!