Хонда официјално потврди дека ќе го претстави новиот CBR300R на саемот за мотори во Кина (CIMAMotor) кој ќе се одржи од 17-20 октомври во градот Чонгкинг.

101713-2014-honda-cbr300r-2-633x389

Хонда официјално потврди дека ќе го претстави новиот CBR300R на саемот за мотори во Кина (CIMAMotor) кој ќе се одржи од 17-20 октомври во градот Чонгкинг.

Новиот модел ќе се произведува во Тајланд, во истата фабрика во која се произведува CBR250R. Новиот модел ќе биде директна замена за претходникот од 250цц, а доаѓа како одговор на Kawasaki Ninja 300.

Сеуште ги немаме техничките спецификации на моторот но визуелно веднаш се забележува разликата во фарот. Кај моделот 250R предното светло беше во форма на Honda VFR, додека пак новиот модел има два фара исто како и новиот CBR500R.

101713-2014-honda-cbr300r-1-633x389

Пластиките на новиот CBR исто така има повеќе сличност со поголемиот модел отколку со 250R. Иако се задржани отворите во страничните пластики, горниот дел и резервоарот имаат по агресивна и спортска линија.

Агрегатот најверојатно ќе биде подобрена верзија на едно-цилиндричниот мотор кој се вградува во 250-ката, бидејќи Хонда вложи многу средства во изградбата на фабриката за тој агрегат, па малку е веројатно дека ќе го напуштат концептот. Исто така на сликата се забележува и знакот АБС на предниот браник но неизвесно е дали кочиониот систем ќе доаѓа како стандардна опција или ќе треба да се доплати за него.

Back To Top