26
Сре, Апр
Мотоцикли

Honda го претстави концептот CBSix50 на „EICMA“

Honda претстави неколку сериозно добри концепти на мотоцикли на овогодинешниот ECIMA настан кој се оддржа во Милано. Меѓу нив се издвојуваат два модели: CBSix50 и CB4.

Следете нè на:

 

honda cb4 cbsix50 3Honda CBSix50

Honda претстави неколку сериозно добри концепти на мотоцикли на овогодинешниот ECIMA настан кој се оддржа во Милано. Меѓу нив се издвојуваат два модели: CBSix50 и CB4.

И двата мотоцикли компанијата ги базираше на CB650F и на неговиот мотор со четири цилиндри.  Сепак дизајнерите го променија изгледот на мотоциклите и сега едниот изгледа како мотоцикл за оф роуд возење, а другиот е повеќе за возење низ град.

honda cb4 cbsix50 4Концептот на Хонда привлече внимание на „EICMA“

Моделот CBSix50 изгледа подготвен за било која средина благодарејќи на испакнатите делови на пневматиците, штитниците на рачките и штитникот кој ги чува безбедни механичките делови.

honda cb4 cbsix50 2Honda CB4

Дизајнерите од Honda го подготвија CB4 концептот да биде подготвен за возење на улица. Основата на мотоциклот е обоена со бела и црна боја, а црвена боја има на кочниците. Предните светла за округли за разлика од моделот CBSix50 каде што се правоаголни.  Овој мотоцикл исто така има и по традиционални пневматици за разлика од другиот модел, а ауспухот му дава малку по агресивен изглед.  Лесно може да ја замислите оваа машина како вози по улиците на било кој град низ светот.  Во очекување на повеќе информации, останува да се надеваме дека нема да останат само концепти.

honda cb4 cbsix50 1Хонда на посебно место ги постави концептите во Милано

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!