motori honda-eicma-2012-35На саемот „EICMA“ во Милано, Хонда ги претстави моделите со кои во 2013-та година ќе се обиде да го освои пазарот. Помеѓу новитетите се издвојуваа неколку модели, а најголемо внимание привлекоа машините со зафатнина од 500цц.

honda-eicma-2012-35

На саемот „EICMA“ во Милано Хонда ги претстави моделите со кои во 2013-та година ќе се обиде да го освои пазарот. Помеѓу новитетите се издвојуваа неколку модели, а најголемо внимание привлекоа машините со зафатнина од 500цц.

Новиот агрегат на Хонда кој се вградува во неколку модели (CB500F/FA, CB500X/XA, CBR500R/RA) е линијата која јапонската фабрика ја најави минатата година со претставувањето на новитетите NC700X и NC700S. За 2013-та Хонда ја намалува зафатнината на паралелниот твин мотор но моќноста изнесува 45кс, што е сосем доволно за намената на моторите. По габарит исти како нивните претходници, доаѓаат без стандарден АБС, обични наместо „upside-down“ вилушки и единечен наместо двоен диск напред, но цената е она што ќе ги убеди новајлиите во мото светот дека CB500 е вистинскиот мотор за нив.

honda-eicma-2012-36 {gallery}cb500eicma{/gallery}

Новите модели во салонот на Хонда во Скопје ќе пристигнат кон крајот на февруари/почетокот на март 2013, а цените за моделите со агрегати од 500цц се:

CB500F/FA, 5.490/5.990 EUR 
CB500X/XA, 5.990/6.490 EUR 
CBR500R/RA, 5.990/6.490 EUR 

Уште еден од новитетите кои привлекоа внимание беше добро познатиот Goldwing во ново руво, наречен Goldwing Bagger.{gallery}baggereicma{/gallery}
Цената на овој модел (GL1800F6B Bagger) ќе биде 22.990 EUR 

На саемот го забележавме и новиот скутер со спортски дух од програмата на Хонда, NCS50R Sporty кој ќе се продава по цена од 2.290 EUR

honda-eicma-2012-10 

Цените на останатите модели за 2013-та се:

CRF250L, 4.990 EUR 
CRF250M, 5.490 EUR 

CB1100A, 11.990 EUR 

CBR600RR, 11.990 EUR 
CBR600RRA, 12.990 EUR 

SH125 idle stop, 2.990 EUR 
SH150 idle stop, 2.990 EUR 
SH300, 4.890 EUR 


Back To Top